1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Груевски со амбасадори на земји од НАТО

14 април 2007
https://p.dw.com/p/AgE1

Реформите што се спроведуваат во Македонија како дел од критериумите за добивање покана за приклучување кон НАТО беа во средиштето на интересирањето на амбасадорите на земјите од Алијансата на вчерашната средба со македонскиот премиер Никола Груевски. Според изјавата на министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, кој присуствуваше на средбата, владата очекува Македонија, Албанија и Хрватска наредната година да добијат покана за членство во НАТО.