1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Груевски ќе разговара со Заев за Комисијата за 24 декември

КБ/макфакс19 август 2013

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска (19.08) со претседателот на СДСМ Зоран Заев ќе разговара за деблокада на работата на Комисијата, која треба да го усвои извештајот за настаните од 24 декември.

https://p.dw.com/p/19S5X
Фотографија: MIA

Премиерот Никола Груевски викендов најави дека ако во наредните денови не се најде решение, ВМРО-ДПМНЕ ќе размисли за нови чекори и за нови стратегии, кои ќе бидат сосема поинакви од она досега.

Тој не откри за какви чекори и стратегии станува збор, а вината за сè уште необјавениот извештај на Комисијата ја лоцираше во внатрепартиските проблеми во СДСМ. Според Груевски, решавањето на проблемите во опозициската партија ќе овозможат и избегнување на негативните последици во есенскиот извештај, од кој зависи европската перспектива на земјата.

Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија викендов (17.08) соопшти дека ги отрфла обвинувањата за нефункционирањето на Комисијата за расчистување на настаните од 24 декември и обвини дека ВМРО-ДПМНЕ е таа која не сторила ништо за одблокирање на Комисијата. Портпаролот на СДСМ Петре Шилегов истакна дека натамошното функционирање на Комисијата, по повлекувањето на претседателот Давитковски, е одговорност на власта и претседателот Иванов, чијашто обврска е именувањето прв човек на Комисијата.

Извештајот на Комисијата требаше да биде усвоен до 14 август, но поради летните одмори и отсуство на членовите на Комисијата, неформалниот рок беше пролонгиран за 24 август.