1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грузиски нафтовод

10 мај 2005

Ова лето во погон треба да влезе најдолгиот нафтовод во светот: тој оди од азербејџанскиот град Баку, преку Грузија до турското пристаниште на средоземјето Чејхан. Целиот проект чини 2,3 милијарди евра и важи за еден од најважните во светот. Тој треба на западните змеји да им обезбеди поголема независност од арапската и руската нафта, а на младите јужнокавкаски држави економски пораст. Во Русија на проектот

https://p.dw.com/p/AeOu

се гледа со недоверба.

Јан Куменс е проект менаџер на Бритиш петролеум во Грузија. Се качува во хеликоптерот на пат кон работниот камп во Акалтсике, едно од последните градежни места на нафтоводот, недалеку од турската граница каде што ќе ја мине ноќта. Тој е одговорен цевките да бидат точно положени на вистинкото место:

„Сега сме во Тбилиси. Ќе минеме над Марнојли и ќе го видиме нафтоводот по околу 50 километри до границата на Азербејџан. Потоа ќе летаме по должината на нафтоводот до Акалтсике. Од воздух се има подобар увид во градежните работи„.

На британскиот нафтен концерн му беше префрлено дека соработува со недемократски режим. Во Азербејџан владее Илхам Алиев. Го наследи претседателкото место од татко му на спорни избори. ОБСЕ јави за еклатантни прекршувања на изборниот закон. Со добивките од нафтата во Азербејџан управува нафтен фонд на чие чело е роднина на претседателот. Еден од најострите критичари на нафтоводот се вика Мајис Гулалиев:

„Луѓето мислат дека по изградбата на нафтоводот Азербејџан веќе нема политички да зависи од Русија и дека веќе нема да има невработеност и сиромаштија. Меѓутоа, тие надежи се без основа. Во земјата нема контрола каде се трошат парите од извозот на нафта. Затоа профит ќе има само корумпираниот режим„.

Менаџерите на Бритиш петролеум во Азербејџан не сакаат ова да го коментираат.

Во Грузија нафтоводот го заобиколува националниот парк Борјоми. Тоа би бил ризик велат грузиските екологисти, иако менаџерите на Бритиш петролеум и грузиските експерти тврдеа дека националниот парк не е загрозен, подеднакво како и познатите минерални извори на Борјоми. Дејвид Гинделинг е еден од менаџерите на бирото на фирмата во Тбилиси:

„Нафтоводот Баку – Чејхан е граден со екстремно високи стандарди. Техничките, еколошките и безбедносните норми се еднакви на оние на Европската унија. Бидејќи проектот го финансираа голем број меѓународни фирми, доведе до тоа нафтоводот да биде потранспаренетен од повеќе други. Постојат и голем број надворешни ирганизации кои го набљудуваа градењето„.

По нецел час, хеликоптерот се спушти во Акалтсике. Куменс веднаш замина на градилиштето: покрај Британци, таму работат и Индуси, Руси, Грузијци и Турци. Нафтоводот донесе работа за подрачјата околу Кавказ, иако со ограничено време.