1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Групата на Заркави во Ирак во заложништо држи десетина луѓе

21 јуни 2004

Закани со убиство на еден Јужнокореанец,ако Сеул испрати трупи во Ирак

https://p.dw.com/p/AcMr
Фотографија: AP

Радикалните исламисти во Ирак кај себе држат десетина странски државјани,меѓу нив и еден европски новинар,јавија агенциите. На синоќа објавената снимка на телевизијата Ал Џазира тројца маскирани и вооружени луѓе се заканија со убиство на грабнатиот јужнокорејски државјанин доколку Сеул не ги повлече своите војници и остане на својата одлука за испраќање дополнителни трупи во Ирак.

Ако испратите дополнителни војници во Ирак,ние ќе ви ја испратиме вам главата на овој Кореанец,се заканија маскираните терористи.

Во видео снимката вооружените лица потенцираа дека се членови на терористичката група на Абу Мусаб ал Заркави.Групата Јорданци е одговорна за цела редица грабнувања и напади во Ирак.

Во Сеул претседателот Ро Мо Хун го свика Националниот совет за безбедност на вонредна седница за да ги договори идните мерки.Кратко потоа претставник на Министерството за одбрана соопшти дека е одбиено ултимативното барање на грабнувачите.Нашиот план останува непроменет,потврди портпаролот.Ние ќе продолжиме со испраќањето трупи.

Министерот за надворешни работи на Јужна Кореја ги повика грабнувачите веднаш и безусловно да го ослободат заложникот.

Моментно Јужна Кореја има стационирано повеќе од 600 санитетски лица и армиски инженери на југот на Ирак.Во август таму треба да стасаат околу 3 илјади војници,кои ќе учествуваат во обновата на земјата во курдските области на северот на Ирак.

Како што соопштуваат кореанските медиуми,заложникот инаку е 33 годишен соработник на јужнокореанска трговска фирма која соработува со Американците во военото вооружување.Тој во Ирак стигнал на 15 јуни,а само два дена потоа бил киднапиран.

Претходно,ирачкиот премиер Ијад Алави вчера најави рекострукција на силите на безбедноста на земјата,така што сите расположиви сили ќе бидат директно усмерени во борбата против тероризмот:

-Нашатс стратегија е едоноставна,ние ќе ги употребиме сите наши сили и енергија за да донесеме мир,демократија и просперитет на Ирак.Сите ирачки безбедносни сили ќе бидат употребени против непријателите на Господ.Нашата полиција ќе биде на првата линија во оваа битка.Специјални нејзини единици веќе се подготвуваат и ќе бидат испратени како засилување.Непријателот во Ирак прпдолжува со напади на нафтени наоѓалишта,и важната инфраструктура.Ние ќе ги осигуриме нашите витални интереси,изјави Алави.