1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Група блиска до Ал Каеда одговорна за експлозиите во Дамаск

Александар Методијев/дпа/ројтерс12 мај 2012

Милитантна група, за која се верува дека е поврзана со Ал Каеда, преку видео порака ја презеде одговорноста за двете експлозии на бомби, кои убија најмалку 55 лица во сирискиот главен град Дамаск.

https://p.dw.com/p/14uJk
Фотографија: Reuters

Групата се нарекува Ал Нусра фронт за заштита на луѓето од Левант. Левант е територијата која ја опфаќаат Израел, Палестина, Јордан, Либија и Сирија. Групата во објавата на интернет денеска (12.05) вели дека бомбашките напади од четвртокот, кои за цел имаа згради на безбедносните служби, биле поврзани со бомбардирањата од страна на режимот врз населени места во земјата.

„Му порачуваме на режимов да запре со масакрите на сунитскиот народ (муслиманите) или ќе се соочи со последици“, стои во изјавата за независната веб страница Сирија Политик.

Bombenanschlag in Damaskus
Видео пораката завршува со материјал на кој се гледа црниот чад по двете експлозииФотографија: AP

Групата е малку позната, а во видео пораката гласот на мажот е мутиран со технички ефекти, за да се сокрие неговиот идентитет. Во видеото нема материјали кои покажуваат дека групата ја подготвува или поставува некоја од бомбите, ниту се тврди дека се работи за самоубиствен напад, како што го оквалификуваа сириските власти. На крајот од изјавата има само видео материјал на кој се гледа црн чад како се издигнува над Дамаск на денот на експлозиите.

Опозиционерите во земјата влат дека немаат никаква врска со бомбашките напади и тврдат дека експлозиите се оркестрирани од владините сили, за да се наруши имиџот на опозицијата.