1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грците купуваат имоти во Швајцарија

Хагер Тобен/Борис Георгиевски28 јули 2012

Пазарот за недвижности во Швајцарија е многу стабилен, но големиот интерес би можел дополнително да ги качи цените. Во 2012. се очекуваат околу 65 илјади аквизиции, а голем дел од нив доаѓаат од Грција.

https://p.dw.com/p/15dLL
Фотографија: Reuters

Швајцарските недвижнини се многу популарни кај инвеститорите. Особено ценети се објектите околу Циришкото езеро. Овој регион, во европски рамки, важи за најскап, веднаш по Лондон.

„Секако не е најевтиниот, но можете да добиете одлична вредност на инвестицијата, се разбира доколку знаете што да барате“, вели Роберт Ферфеки, агент за недвижности. Негови клиенти се богати луѓе од целиот свет. Од почетокот на годинава тој е затрупан со повици од грчки инвеститори. И тоа не од супер-богатите, кои веќе долго се тука присутни.

„Во моментов пораздвижена е средната класа, високата средна класа. Тие имаат проблем да ја откријат вистинската вредност на имотите, а тоа е неопходно по промената банкарската тајна. Во Грција, овие Грци и‘ велат на државата дека немаат ништо, а одеднаш се тука и очигледно имаат нешто. Тоа секако мора да се објасни“, објаснува Ферфеки.

Најбарани објектите од 5 до 15 милиони евра

Притоа постои и ткн. правило „Лекс Колер“. Според овој закон, секој кој купува недвижнина во Швајцарија мора таму да го пријави и своето живеалиште. Тоа ги одвраќа грчките купувачи. Но сепак, интересот расте. Но, објекти како овој, кој ја надминува границата од 20 милиони швајцарски франци, се тешки за препродавање.

„Тоа би била горната граница. Грците со кои сега работам се заинтересирани за објекти со вредност меѓу 5 и 15 милиони франци“, вели Ферфеки.

Таквите објекти можат да се најдат на другата, поевтината, страна на Циришкото езеро. Висок потпокрив, 230 метри квадратни, вакви станови бара високата грчка средна класа во моментов. За овој објект купувачот треба да издвои 10 милиони франци. Тоа е сигурна инвестиција, затоа што швајцарските недвижности важат за стабилни и лесни за препродавање, вели Ферфеки:

„Грците и ‘припаѓаат на ЕУ и тука можат слободно да се населат. Не се стотици тие што дојдоа, но повеќе веќе се доселија, а доаѓаат и уште и така погледнато, Швајцарија станува атрактивно место за грчката висока средна класа“.

Ферфеки веќе мора да брза, следниот клиент од Грција веќе чека, а ние не смееме да го видиме. Агентот за недвижности ги заработува парите со дискреција.