1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грција, Албанија и Италија планираат гасовод низ Јадранското Море

Јанис Пападимитриу/ Александра Трајковска 19 февруари 2013

Грција, Албанија и Италија дадоа зелено светло за гасоводот низ Јадранското Море кој треба да транспортира земјен гас од Каспиското Море кон Европа. Соодветниот договор трите земји го потпишаа во Атина.

https://p.dw.com/p/17gOX
Фотографија: picture-alliance/dpa

800 километри долгиот цевковод треба да пренесува гас од грчко-турската граница преку северна Грција и Албанија кон Јужна Италија, оттаму би требало да се напојува европската гасоводна мрежа. Овој проект е конкурент на 1.300 километри долгиот гасовод Набуко, кој би требало да води од турско-бугарската граница кон Австрија. Одлуката, кој ќе транспортира гас од Азербејџан кон Европа, а притоа да се избегне Русија, ќе биде донесена кон средината на годинава од страна на Шах-Дениз конзорциумот, именуван по огромното гасно поле во Каспиското Море. Во конзорциумот членуваат „БП“ и „Сокар“ како и државниот енергетски концерн на Азербејџан.

Две милијарди евра скапиот транс-јадрански гасовод е покус и поевтин отколку гасоводните цевки на Набуко, смета Теодорос Цакирис, експерт за енергетика во атинскиот институт за политички истражувања ЕЛИАМЕП и асистент професор за геополитика на универзитетот Никозија. Уште поважно: Овој гасовод носи поволен пристап, од агол на трошоците, до резервите со гас во Каспиското подрачје, уверен е Цакарис.

Theodoros Tsakiris
Теодорос ЦакарисФотографија: DW/J. Papadimitriou

Независност од Русија

Транс-јадранскиот гасовод сосема јасно е најатрактивната понуда, што се однесува до трошоците за изградба и пред се’ таксите за испорака на гас, вели атинскиот енергетски експерт и се обидува ова да го појасни на пример од секојдневието. „Ако се возите со такси до аеродром, сеедно е колку е скапо такси-возилото. Вас ве интересира колку ќе чини превозот. Така е и овде: гасоводот преку северна Грција за испорака на гасот ќе пресметува помалку отколку конкуренцијата“. Освен ова Транс-јадранскиот гасовот на Шах-Дениз партнерите им нуди можност, да земат учество во фирмата, која ќе управува со гасоводот, појаснува Цакирис.

Комисијата на ЕУ сака да избегне впечаток дека се залага за одреден гасовод. Брисел во основа се залага за секој проект, кој ќе ја намали енергетската зависност на Европа од Русија. Цакирис смета дека во секој случај е охрабрувачки знак за гасоводот во југоисточна Европа, доколку германскиот енергетски концерн „Еон Рургас“ со удел од 15 проценти учествува во Транс-јадранскиот гасовод.

Aserbaidschan und sein Öl
АзербејџанФотографија: AP

„Заедно со ’АСПРОФОС’, фирмата ќерка на ’Хеленик Петролеум’, ’Еон’ веќе работи на предстудија за изградба на гасоводот преку северна Грција“, известува Цакирис. За првпат една германска фирма изведува ваква важна инвестиција во енергентскиот сектор во Грција, Соработката секако може да се надградува, уверен е Цакирис и дополнува: „Транс-јадранскиот гасовод е пореалистичен и ветувава повеќе успех од проектот за струја од соларна енергија ’Хелиос’“. Со овој државно субвенциониран проект Грција од 2015. година сака да експортира соларна струја во западна Европа.

Важна политичка поддршка

Во проектот Транс-јадрански гасовод се вклучени и швајцарскиот снабдувач со енергија „ЕГЛ“ како и норвешкиот нафтен концерн „Статоли“. Она што досега недостасуваше, е политичката поддршка за проектот тежок милијарди. Со договорот од Атина, кој Грција, Италија и Албанија го потпишаа на 13. февруари, владите на овие земји очигледно сакаат да го надоместат пропуштеното.

Фактор на несигурност - грчката опозиција

Доцентот по политика и поранешен министер за индустрија Андреас Андрианополус предпуредува од прекумерна еуфорија. Иако договорот за Транс-јадранскиот гасовод е успех, важно е овој проект и да се реализира. Во минатото слични проекти се судрија со границите на реалноста, како на пример гасоводот Бургас-Александрополус, кој требаше да транспортира руска нафта преку Бугарија и Грција кон западна Европа, вели Андрианополус.

Andreas Andrainopoulos
Андреас АндрианополусФотографија: DW/J. Papadimitriou

„Гасоводот седум пати на големо се најавуваше и покрај тоа денеска работите се замрзнати.  Русија како мнозински сопственик на гасоводот не сакаше да даде ветување, дека неопходната количина ќе биде и испорачана“, се сеќава Андрианополус. Овој очигледен проблем долго време не беше препознаен, грчките политичари едноставно се однесуваат лесноумно, критикува бившиот министер за индустрија.     

Како фактор на несигурност за проектот Транс-јадрански гасовод важи и однесувањето на грчката левичарска опозиција: неколку часа откако беше потпишан договорот во Атина, партијата Сириза објави дека не се согласува со него, бидејќи го заобиколил парламентот.

Андрианополус нема разбирање за фронталниот напад на опозицијата. Проектот за земјен гас во Грција се дискутира со години и досега не можеше да се препознае отпор, појаснува поранешниот политичар. Исто така и парламентот бил опсежно информиран. Оттука критиката е надвор од секаква логика: „Се работи за вообичаени флоскули, кои нашата левичарска партија во опозиција радо ги зборува, но брзо ќе ги заборави, штом самата ќе преземе владина одговорност“, оценува Андрианополус.