1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грција: Бирократијата ја кочи сопствената земја

Милтиадес Арсенопулос / Жана Ацеска19 август 2012

Грците се загрижени за своето стопанство, кое со години оди надолу. Само ако конечно повторно почне економски раст, постои надеж за излез од кризата. Но, бирократијата ја кочи и помошта што стигнува од Европа.

https://p.dw.com/p/15kdI
Фотографија: picture-alliance/dpa

Ова е срамот на Ираклис, едно од атинските предградија-фабричка зграда стои празна 50 години, што ги лути локалните власти. Тие радо со пари од ЕУ од руината би направиле итно потребен спортски центар. За тоа побарале еден милион евра. Во Грција постојат стотици можни проекти како овој. 

„Грција порано во финансирањето на вакви проекти требаше да учествува со 25 проценти, сега само со околу пет. Тоа енормно не мотивира да користиме европски средства. За нашиот удел имаме доволно расположиви пари. Интересот за вакви проекти нагло расте“, вели Јоргос Вландис, заменик градоначалник на Ираклис.

Стапката на невработеност во Ираклис е над 20 проценти, колку што е државниот просек. Нови работни места, финансисрани со европски пари, би биле пожелни час поскоро.

Но граѓаните секојдневно во општината доживуваат како бирократијата ги спречува ваквите проекти. Најновиот проблем: однеодамна   во цела Грција е извршено спојување на администрацијата заради заштеда, а новите правила треба допрва да следат.

„Извршена е прераспределба на надлежностите, а уште е нејасно кој какви компетенции има. Ако порано на пример требаше да градиме детска градинка, добивавме дозвола од конкретна служба во преферктурата. Но бидејќи префектурата е расформирана, долго никој не знаеше каде треба да ја добиеме дозволата“, вели Јоргос Вландис.

На парцела во близина на општината, изградбата на детска градинка одамна требаше да почне.

Европските пари за проекти во Грција се добредојдени заради справување со кризата, но тие не стигаат со брзина со која беа очекувани.

„Оваа година не можеме да очекуваме директни резултати. Но, очекуваме дека во скоро време рецесијата ќе запре со помош на парите од европските проекти и дека стопанството барем ќе се стабилизира“, вели Јоргос Вландис.

Следната година може ќе успее изградбата на детската градинка, под претпоставка земјата дотогаш да не банкротира.