1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грција во подлабока рецесија од очекуваното

АТ/ афп/ дпа/ ртр9 јули 2013

Илјадници вработени протестираат во Грција против планираните отпуштања во јавниот сектор. Еврогрупата меѓутоа останува на курсот. Задолжената земја во меѓувреме е западната длабоко во економска криза.

https://p.dw.com/p/194dg
Фотографија: LOUISA GOULIAMAKI/AFP/Getty Images

Од протест против планираните отпуштања во јавниот сектор во Грција, втор ден по ред на улица излегоа илјадници наставници, полицајци и државни службеници. Локалните власти, како и вчера и денеска беа затворени. Работеа само службите за постари и лица со посебни потреби.

Високо задолжената Грција мора, како услов за натамошна помош, да укине работни места во јавниот сектор. „До средината на јули мораат да бидат преземени неопходните чекори за законската регулатива“, заклучи германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле денеска во Брисел. До крајот на јули би морале првите 4200 работни места од јавниот сектор да заминат под Завод за вработување.

Намалување на работните места до септември

Еврогрупата вчера (08.07.) одлучи да и' стави на располагање нови 6,8 милијарди евра помош на Грција. За тоа мораат вкупно 25.000 државни службеници да преминат под Завод за вработување. До крајот на септември, би морала во Заводот да премине првата половина, значи 12.500 соработници, појасни германскиот министер Шојбле. Заводот за вработување е еден вид пред степен пред целосно отпуштање. Оној кој во рок од една година нема да најде нова работа, ќе биде невработен.

Меѓутоа и покрај целата финансиска помош грчкиот банкрски сектор и натаму се наоѓа во лоша состојба. Германската влада и натаму одбива бришење на долговите. Франција затоа сега се залага за директна помош на банките. „Многу работи би биле поедноставни, доколку спасувачкиот чадор за еврото уште сега директно би можел да ги рекапитализира грчките банки“, рече министерот за Европа Тјери Репентин за „Хандеслблат“. Тоа на земјата веднаш би и овозможило „подобри услови на меѓународните пазари на капиталот“.

Нови даноци за луксузни стоки

Факт е дека Грција е во уште подлабока рецесија, отколку што се сметаше досега. Атинскиот истражувачки институт ИОБЕ проценува дека грчкото стопанство годинава ќе падне за пет проценти. Квотата на невработеност со тоа ќе се искачи на 27,8 проценти. Досега експертите очекуваа квота на невработеност од 27,3 проценти.

За да се затвори дупката во грчкиот буџет, грчката влада ќе воведе данок за луксузни автомобили. На тој начин ќе се добијат приходи од 130 милиони евра. Ќе бидат оданочувани автомобили со запремнина од 1,93 литри и луксузни автомобили. Вонреден данок ќе се воведе и за поседување на базени. Соодветниот закон мора да го усвои и парламентот. До крајот на годината министерството за финансии има намера да воведе и дополнителни давачки за јахтите, хеликоптерите и авионите.