1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грција во подлабока рецесија отколку што се мислеше

СН/АМ/дпа/ртр7 октомври 2012

Според ревидираните бројки на грчкиот завод за статистика, економијата во земјата во 2010 и во 2011 година забалежала поголем пад отколку што досега се веруваше.

https://p.dw.com/p/16Lp2

Грчкото стопанство се наоѓа во уште подлабока рецесија отколку што досега беше познато. Заводот за статистика во Атина ги ревидираше бројките за економските остварувања во изминатите две години. Според нив Брутодомашниот производ на Грција во 2010 година забележал пад од 4,9 проценти наместо 3,5 проценти колку што гласеше досегашниот официјален податок. За 2011 година минусот во БДП е корегиран од 6,9 на 7,1 процент. Од 2008 година наваму грчкото стопанство загубило една петтина од својот капацитет, меѓу другото и затоа што Грција за возврат за спасувачките програми од нејзините партнери во еврозоната, вредни стотици милијарди евра, мора да спроведува радикален курс на штедење.

Во моментов владата во Атина повторно преговара со претставниците на т.н. тројка на странски доверители, составена од ЕУ, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд за натамошни мерки за штедење и кратења на буџетските издадоци, како предуслов за добивање на наредната транша кредити за помош за излегување од должничката криза.

На последната рунда разговори во текот на вчерашниот ден во Атина, грчката влада и претставниците на „Тројката“ не постигнале согласност околу бараната програма за штедење. Преговирите би требало да продолжат во текот на наредната недела, изјави грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарас. Според него и нтаму постојат разлики во мислењата меѓу двете страни околу деталите за програмата за штедење, која во 2013 и во 2014 година треба да донесе заштеди во грчкиот буџет од околу 13,5 милијарди евра.

Сепак од грчкото министерство за финансии велат дека во разговорите е постигнат „добар напредок“ и оти договор е на повидок.