1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грција го укина специјалниот одмор за работа на компјутер

ЕМФ/дв14 септември 2013

Службениците во Грција досега имаа шест дена одмор плус во годината за работа на компјутер. На ваквата привилегија сега и‘ е ставен крај. Причина за укинување на оваа и други привилегии е економската криза.

https://p.dw.com/p/19hSS
Фотографија: dapd

Многу грчки службеници ќе мораат поради реформите и курсот на штедење во земјата да се откажат од омилената привилегија - шест дена посебен одмор во годината за работа на компјутер. Укинувањето е „мал, но симболичен чекор“ кон модернизација на застарените јавни дејности, изјави министерот Киријакос Мицотакис, надлежен за реформа на администрацијата.

„Тоа е од некоја друга ера. Во денешново време на криза не можеме да се држиме до вакви привилегии“, рече тој.

Специјалниот одмор од еден ден на секои два месеца за службениците кои седат повеќе од 5 часа дневно пред компјутер беше воведен во 1989 година.

„Жртви“ на курсот на штедење претходно беа и други привилегии и бонуси, како бонусот за редовност на работно место. Исто така, укинато е и правото на ќерките кои не се мажени да ја добиваат пензијата на таткото по неговата смрт.

Во јавните дејности во Грција се вработени 600.000 луѓе. Тројката (ЕЦБ, ММФ, ЕК) и‘ даде време на Грција до крајот на годината да префрли 25.000 државни службеници во „мобилната група“ од која тие или ќе бидат префрлени на друго работно место, или ќе бидат отпуштени.