1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грција: „Наскоро ќе немаме ни за кафе“

8 февруари 2012

Остриот курс за штедење на штедење на владата натера повторни десетици илјади Грци на улица. Кредиторите пак бараат натамошни остри мерки за штедење.

https://p.dw.com/p/13z3p
Фотографија: Reuters

Беше тоа „конструктивна средба“ меѓу грчката влада и претставниците на Меѓународното здружение на банки. Детали за во моментов договорениот отпис на долгот ќе бидат познати наскоро, изјави портпарол на приватните кредитори.

Претходно илјадници штрајкувачи се собраа на централниот поштад во Атина , Синтагма. Демонстрантите го изразија својот гнев кон барањата за натамошно штедење кои доаѓаат од Европа. Дојде и до судири со полицијата. Штрајковите беа насочени кон планираните мерки за штедење на владата.

Griechenland / Rentner / Finanzministerium / Athen
Фотографија: dapd

„Тоа не се луѓе, тоа се варвари“

„Тие не осиромашија, комплетно. Се наоѓаме во буре што врие и само што не експлодирало“, вели Јанис Цувалакис, жител на Атина.

„Тие ја превртеа земјата наопаку во последните две години. На крајот нема да можеме да си дозволиме да се напиеме кафе. Тоа не се луѓе тоа се варвари“, вели Костас, 57 годишен жител на Атина без работа.

Откако меѓутоа повторно беше одложена планираната средба меѓу владејачките партии, договорот околу мерките за штедење и натаму е неизвесен.

Автор: Бригита Мол/ Симе Недевски

Редактор: Борис Георгиевски