1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грција нема време за губење

Томас Борман / Александар Методијев3 јули 2012

На првиот ден од официјалниот почеток со работа на претседавачот со ЕУ, Кипар го посети т.н. Тројка, за да ги стави под лупа државните финансии. Тројката денеска оди во инспекција на Грција.

https://p.dw.com/p/15QHE
---
Фотографија: Wiski - Fotolia.com

Од вчера започна контролата на островската држава од страна на претставниците на ЕУ, ММФ и Европската централна банка, откако Кипар побара помош од европските фондови за спас.

Како што објави кипарската влада, таа купила акции од Cyprus Popular Bank во вредност од 1,8 милијарди евра, за да ја спаси оваа банка од банкрот. Кипар ова може да си го дозволи, бидејќи Кипар потпадна под пакетот за спас на ЕУ. Но, експертите од Тројката сакаат да утврдат вкупно колку милијарди евра ќе му требаат на Кипар.

Околу 30 експерти од Тројката од вчера во кипарскиот главен град Никозија ги ставаат под лупа финансиите на банките, кои преку кредити за грчките фирми или за самата грчка држава загубија многу пари. Тројката сака подоцна да го испита и државниот буџет на Кипар. Можно е оваа медитеранска земја да треба да исполни одредени барања за да добие помош во вид на заеми.

Колку доцни Атина?

Тројката исто така денеска се враќа во Атина. Таму таа сака во следниве недели да провери колку доцни спроведувањето на програмата за штедење и реформи, поради изборите во мај и јуни. Во изборната програма речиси сите грчки партии во перспектива ставија крај на тешката политика на штедење, или барем нејзино ублажување.

Непосредно пред посетата на Тројката на Грција, во Атина беше Јерг Асмусен од бордот на директори на Европската централна банка. Тој изјави дека за програмата за штедење и спас нема алтернатива.

„Програмата е најдобрата опција за Грција“, рече Асмусен.

Ако и покрај тоа и натаму нема раст во грчката економија, тоа би било поради досегашното некоректно спроведување на оваа програма. Новиот премиер Антонис Самарас побара повеќе време за земјата да ги постигне целите со штедењето. Тој не сака отпуштања меѓу државните службеници, на невработените наместо една година да им се исплаќа помош две години и сака пониски даноци.

Zypern Eurokrise Krise Euro Geld Wirtschaft Symbolbild
Фотографија: picture alliance/chromorange

Сето тоа чини пари – пари кои Грција ги нема. Јерг Асмусен разјасни за време на својата посета на Атина: не можат да се трошат повеќе пари од што се собираат и сите европски земји мораат да се придржуваат до правилата и да го обраничуваат долгот.

„Мораме да се обврземе на овој начин повторно да ја зајакнеме економската и монетарната унија. Ова е единствениот пат за излез од кризата. Не постои магично решение“, рече Асмусен.

Само со солидни финансии може да се врати растот и само тогаш инвеститорите ќе се вратат во Грција. Затоа Асмусен ја советува грчката влада да не губи време и што е можно поскоро да го спроведе планот за штедење и реформи.