1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грција не го дава суверенитетот над државниот буџет

29 јануари 2012

Претставници на Атина одбија да ги разгледаат плановите за наметнување привремена контрола над грчкиот буџет. Германија и други земји од еврозоната се стремат ЕУ да преземе контрола врз финансиската политика на Грција.

https://p.dw.com/p/13sZB
I
Фотографија: picture-alliance/dpa

Од кругови на ЕУ и од владата во Берлин ги потврдија медиумските извештаи за плановите на земјите од еврозоната според кои владата во Атина треба на определено време да се откаже од буџетскиот суверенитет. Плановите кои ги разгледувале европските министри за финансии предвидуваат именување на посебен ервокомесар за штедење, кој би требало да добие право на вето во грчката финансиска политика.

„Болна фантазија“

Ваквиот предлог произлегува од незадоволството на Германија и на други земји од еврозоната со начинот на кој владата во Атина досега ги спроведувала реформите и барањата на ЕУ.

Портпаролот на грчката влада Пантелис Капсис реагираше на ваквите извештаи истакнувајќи дека владата во Атина треба да ја задржи контролата над својот буџет, бидејќи спровела низа финансиски реформи.

Symbolbild Griechenland Athen Schuldenkrise
Фотографија: dapd

„Овој предлог е производ на болна фантазија“, пак реагираше Ана Диамантопулу поранешна еврокомесарка од Грција .

Европската комисија вчера (28.01.2012) го прифати ставот на Грција: „Комисијата останува при намерата набљудувачките механизми со кои располага и натаму ја ја следат ситуацијата, но одлуките кои се донесуваат остануваат во рацете на владата во Атина“, изјави портпаролот на ЕК, Амадеу Алтафај.

Позитивен тренд во преговорите

Делумно олеснување во Атина и во Брисел во секој случај натапи откако грчкиот премиер Лукас Пападимос и министерот за финансии Евенгелос Венизелос изразија оптимизам по преговорите со претставникот на меѓународните банки- доверители Чарлс Далар за отпишување на половина од долговите на Грција кои изнесуваат околу 200 милијарди евра.

Отписот на долгот на Грција е предуслов оваа земја да го добие клучниот дел од вториот пакет за помош на ЕУ во висина од 130 милијарди евра. Доколку преговорите со приватните доверители не завршат позитивно земјата нема да биде во можност да ги исплати каматите на обврзниците во износ од 14, 5 милијарди евра кои пристигнуваат на 20-ти март.

Автор: Шарлот Челсом Пил/ Симе Недевски/ дпа

Редактор: Александра Трајковска