1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грција пак ќе добие финансиска помош?

20 февруари 2012

Министрите за финансии на земјите-членки на еврозоната денеска на состанок во Брисел треба да го разгледаат новиот финансиски пакет за помош на Грција во вредност од 130 милијарди евра.

https://p.dw.com/p/145qS
Фотографија: picture-alliance/dpa

Доколку министрите го усвојат пакетот, приватните доверители како што се банките и осигурителните друштва, би требало да отпишат дел од долгот на Грција со што вкупниот долг на земјата би можел да биде намален за цели 100 милијарди евра. Долгот на Грција достигнува 360 милијарди евра. Грција во 2010-та година го доби првиот пакет помош од Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд во вредност од 110 милијарди евра.

Претходно, во саботата вечерта грчката влада го усвои пакетот мерки за штедење, кои од Грција го бараат Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд, како услов за новиот пакет помош од 130 милијади евра. Одобрувањето на грчката влада е формалност, бидејќи официјална Атина минатата недела на партнерите од еврозоната веќе им ги обелодени деталите од ребелансот на буџетот и намалувањето на платите во јавниот сектор во вредност од 325 милиони евра. Без новата финансиска помош, во март на Грција и‘ се заканува државе банкрот.

Автор: ЖА/ АТ/ миа/ дв

Редактор: А. Трајковска