1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грција: По Кондоминас, уапсен и Филипидис

ЖА/дпа/ртре11 јануари 2014

Поранешниот член на управата на грчката Постбанк, Филипидис, е уапсен синоќа во Истанбул од турската полиција. Поради корупциски скандал, издаден е налог за притвор на 25 лица, меѓу кои и бизнисменот Димитрис Кондоминас.

https://p.dw.com/p/1Ap5b
Фотографија: Reuters

Уште тројца познати грчки бизнисмени се приведени денеска од страна на грчката полиција, додека по седуммина се трага. Грчката полиција денеска соопшти дека ноќеска во Истанбул од страна на тамошната полиција бил уапсен и Ангелос Филипидис, поранешен раководител во Хеленик Постбанк. . Апсењето на Филипидос го потврди и грчкиот генерален конзулат во Истанбул денеска за агенцијата АНА-МПА.

Меѓу обвинетите е и Димитрис Кондоминас, познат грчки бизнисмен и сопственик на грчката ТВ Алфа. Тој е хоспитализиран во атинска приватна клиника, а неговата болничка соба е под силен полициски надзор.

Кондоминас е познат на македонската јавност по неговите бизнис-зделки во земјата, а една од последните се и изградбата на Офицерскиот дом и хотел во центарот на Скопје, дел од проектот Скопје 2014.

Јавното обвинителство во јавноста вчера излезе со документ во кој детално се опишува како грчката Постбанк (ТТ) во периодот меѓу 2007. и 2012. година загубила над 400 милиони евра преку „гнили“ кредити.

Постбанк давала кредити на различни фирми без добивање доволни гаранции. Според Јавното обвинителство, еден од членовите на управата на банката, Ангелос Филипидис, за тоа примал мито. Филипидис ги отфрли обвинувањата.

Истрагата за целиот овој скандал почнала лани на 3 јуни. Обвиненијата за сите се за измама против државата поголеми од 150 илјади евра, измами со материјална штета до и над 30 илјади евра, соучество во измама, легализација на приходи од нелегални активности (перење пари), за соучество во перење пари, дело во кое е вмешан и еден вработен во банка.

Првите обвинети изјави ќе дадат в понеделник.