1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грција сепак ќе добие 31 милијарди евра?

АТ/ дапд/ ртр29 септември 2012

И покрај новата финансиска „дупка“ и претстојниот извештај на Тројката, кој нема да биде пријатен, Атина најверојатно ќе ја добие следната транша од 31 милијарди евра.

https://p.dw.com/p/16HRW
Фотографија: DW

Грција може да се надева на нови пари од Европа. Грција, според инфомации на магазинот „Виртшафтсвохе“ ќе ја добие следната транаш од 31 милијарди евра европска помош и покрај новата „дупка“ од повеќе милијарди и нецелосното спроведување на реформите. Во Брисел веќе течеле подготовките за исплаќање на помошта, и покрај тоа што според информациите од извештајот на меѓународната Тројка (ЕУ, ЕЦБ и ММФ) условите за тоа не биле комплетно исполнети, информира магазинот. Во извештајот на Тројката се зборувало за напредок во Грција, кој сепак не бил „доволен“. Следната транша сепак ќе биде исплатена, оти „стравот од доминоефект е преголем“, изјавил ЕУ дипмомат за медиумот, пренесуваат агенциите.

Магазинот „Фокус“, повикувајќи се на кругови од Европскиот парламент, објави дека и Брисел и германската влада во Берлин сакаат Грција по секоја цена да остане во еврозоната. „Грција ќе добие листа од реформи, кои до одреден датум ќе мора да бидат усвоени од парламентот“, цитира магазинот „Виртшафтсвохе“ кругови од Eврогрупата. „Парите ќе стојат на располагање, штом пратениците ќе гласаат“.