1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грција се подготвува за нови избори

Александар Методијев/афп/миа16 мај 2012

Грчкиот претседател Каролос Папуљас денеска ќе се сретне со лидерите на парламентарните партии со цел постигнување договор за формирање преодна влада, која ќе раководи со земјата до завршувањето на новите избори.

https://p.dw.com/p/14wEA
Фотографија: picture-alliance/dpa

Предвремените избори најверојатно ќе се одржат на 10-ти или 17-ти јуни. Преодната влада треба да се формира затоа што, во рокот од десет дена по изборите за формирање влада, не беше постигнат договор за новиот кабинет.

Новоизбраниот грчки парламент утре ќе има конститутивна седница, а во петок ќе биде избран и неговиот претседател, но законодавниот дом веднаш ќе се распушти, за да се распишат новите избори.

По вчерашниот последен неуспешен обид на Папуљас со лидерите на Неа Демократија, ПАСОК и СИРИЗА за ставање крај на застојот во формирањето влада, шефот на ПАСОК Евангелос Венизелос оцени дека одењето на нови избори е „под многу лоши околности“.

„Грчките граѓани мораат сега да направат вистински избор за доброто на земјата“, нагласи Венизелос, кој го поддржува договорот за штедење потпишан со ЕУ и ММФ. Малку е веројатно дека новите избори би донеле поинаков исход во однос на формирањето на грчката влада.

Срамота за грчкиот народ

Извршната директорка на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард вчера остави простор за напуштање на Грција од еврозоната на контролиран начин.

IWF / Christine Lagarde / Internationaler Währungsfonds
Кристин ЛагардФотографија: Reuters

„Доколку ветувањата за намален буџетски дефицит кои ги даде Грција не бидат исполнети, постојат соодветни решенија за тоа, што значи или дополнително финансирање и време, или механизам за излез од еврозоната, што во овој случај би морало да биде контролиран излез“, изјави Лагард. Таа појасни дека иако излезот на Грција од еврозоната би бил екстремно скап и би носел многу бројни ризици, тоа е една од опциите што ќе мора да биде разгледана.

Грција „презема значајни реформи и тие направија одреден број на жртви", изјави Лагард. „Да се фрли сето ова поради длабоки политички несогласувања - тоа е навистина срамота за грчкиот народ".