1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Спорот за грчкиот јавен медиумски сервис добива нови димензии

Јанис Пападимитриу/ Симе Недевски21 октомври 2013

Грчката влада е загрижена за ТВ известувањето за нејзиното претседателство со ЕУ во првата половина од 2014 година. Имено 4 месеци по затворањето на ЕРТ сѐ уште нема јавен ТВ сервис кој функционира нормално.

https://p.dw.com/p/1A34l
Фотографија: Reuters

Две конкурентски програми стојат за избор. И двете си го присвојуваат правото да продолажат со емитувањето на програмата на стариот државен медиумски сервис. Додека дел од отпуштените соработници на ЕРТ од јуни наваму го окупира седиштето на медиумската куќа во атинското предградие Аја Параскеви и оттаму емитува протестна програма преку интернет, многу нивни колеги веќе работат за наследникот на ЕРТ со едноставно име „Јавен медиумски сервис“

Но проблемот е во тоа што иако оваа медиумска куќа има дозвола од владата , сепак не располага со неопходната техничка опрема за емитување на комплетна ТВ и радио програма, со оглед дека голем дел од инфраструктурата на ЕРТ е останата во старото седиште и не му е достапна на новиот јавен сервис. Покрај тоа таму не смеат да се доделуваат трајни договори за врабoтување, се додека конечно не биде разјаснет правниот статус на новата медиумска куќа- што можеби ќе потрае долго. Најнапред сите 600 соработниици на новиот медиум се вработени со договори за дело кои треба да се обновуваат на секои два месеца.

Мариа Алексаки е една од преку илјада поранешни вработени во ЕРТ која се обидува да направи нов професионален почеток во „Јавниот медиумски сервис“. „Имаме огромни потешкотии, да емитуваме четири емисии со вести во денот, како што порано беше случајот со ЕРТ. Недостасува основна опрема“, се жали новинарката и водителка Алексаки. Таа и нејзините колеги и натаму немаат пристап до сите новински агенции а некои дури и немаат дури ни компјутер на работното место. „Често си носиме компјутери од дома, или се менуваме со работа на еден компјутер“, вели Алексаки.

Griechenland Staatsfernsehen EDT
Фотографија: picture-alliance/dpa

Спор за наследникот на ЕРТ

За спорот околу јавниот медиумски сервис таа застапува јасно мислење. Има само еден јавен медиумски сервис и тоа е новооснованата медиумска куќа, со сите нејзини слабости и проблеми. Во минатото лето и таа самата учествуваше во опсадата на централата на ЕРТ, но во меѓувреме смета дека преговорите меѓу владата и синдикатите одат во погрешна насока и оти претставниците на отпуштените соработници во ЕРТ со некои барања ја промашуваат целта:

„Одлуката стариот јавен сервис да биде затворен, за многу од нас беше погрешна, но таа е неповратна“ , истакнува Алексаки. Под вакви околности би морало да се влезе во преговори со јасна цел, што е можно повеќе поранешни новинари ЕРТ под што е можно пооптимални работни услови да бидат вработени во наследничката медиумска куќа. Наместо тоа тие заглавија на максималното барање, затворената медиумска куќа повторно да биде отворена.

Никос Михалицис , долгогодишен соработник во ЕРТ и некогаш директор за продукција и техника во јавниот сервис, гледа поинаку на работите. Тој од првиот момент е дел од демонстрантите кои до денес се останати во окупираното седиште на ЕРТ и се залагаат за повторно отворање на медиумската куќа во нејзината стара форма.

„ЕРТ всушност никога не беше затворена. Ние , вработените на нашето Генерално сорбание одлучивме ЕРТ и натаму да го оддржуваме во работа и да емитуваме информативна програма, исто како и порано“, објаснува Михалицис. Со тоа , според него, вработените во ЕРТ се борат не само за нивните работни места туку и за грчкиот устав и демократијата.

Мигалицис вели дека „Јавниот медиумски сервис“ основан од владата е нелегален и се заканува со тужба против масовните отпуштања во ЕРТ. Поранешниот директор меѓутоа покажува разбирање за колегите кои работат во новиот медиум: „Овие луѓе попуштија под притисокот на владата и итно им се потребни пари“, објаснува Михалицис. И ТВ водителката Алексаки не сака негативно да говори за оние колеги кои останаа во запоседнатото старо седиште на ЕРТ. Во една точка сите новинари на ЕРТ се единствени. Со почетокот на грчкото претседателствување со ЕУ од јануари 2014. година доаѓа вистинскиот тест- не само за медиумските работници туку и за коалициската влада во Атина под раководствона конзервативниот премиер Андонис Самарас.

Griechenland: Staatsrundfunk ERT sendet nach Schließung online weiter
Фотографија: picture-alliance/dpa

Спор со европски димензии

Изненадувачки отворено неодамна во парламентот, државниот секретар задолжен за јавниот медиумски сервис Пантелис Капсис изјави дека известувањето за грчкото претседателствување со ЕУ може да западне во опасност, ако опсадата на централата на ЕРТ не биде завршена. Новинарите кои протестираат, додаде тој, мора тоа сериозно да го земат предвид . Коментаторите пак во неговите зборови гледаат закана: ако демонстрантите доброволно не се откажат од опсадата , би можело да бидат принудени да го направат тоа.

„Тоа не би била добра идеја“, вели Мариа Алексаки. „И самото затворање на ЕРТ во минатото лето предизвика критика ширум светот. Замислете си што би се случило ако уште и полиција навлезе во централата на ЕРТ“, предупредува новинарката.

И Никос Михалицис полага надеж во претседателството со ЕУ, зашто како што смета, на владата нема да и преостане ништо друго освен да им се обрати на новинарите кои протестираат: „Телевизиското известување за грчкото претседателствување со ЕУ во моментов е најголемиот проблем на владата. Таа воопшто не може да го совлада овој предизвик, зашто за такво нешто се потребни соработници со искуство и технички познавање. А овие соработници се и натаму на наша страна “, вели долгогодишниот соработник на ЕРТ, Михалицис.

Два месеца пред почетокот на грчкото претседателство со Советот на ЕУ, оваа работа веќе добива европска димензија. Според известувањето на грчките медиуми, лидерот на опозицијата Алексис Ципрас писмено го замолил претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц да интервенира во полза на отпуштените работници од ЕРТ. Ново основаниот „Јавен медиумски сервис“ Ципрас во писмото го означил како „пристрасен и провладин“.