1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грција штрајкува, а синдикатите имаат се‘ помалку членови?!

19 октомври 2011

Денеска и утре (19/20.10) Грција ќе биде парализирана од генерален штрајк. Синдикатите протестираат против мерките за штедење. Сепак, во земјата со години се бележи стагнација на синдикалното членство.

https://p.dw.com/p/12uPo
Фотографија: dapd

Која е причината за стагнација на членството на синдикатите? Јанис Кузис би требало да го знае одговорот. Тој е професор за работни односи на Пантеон-универзитетот во Атина, советник на најголемиот синдикат ГСЕЕ и автор на досега најопширната студија за синдикатите во денешна Грција. Кузис важи за човек, кој е на страната на работниците, но не штеди критика ни за раководниот стил на синдикалните шефови.

Најважната причина за губењето на влијание на синдикатите тој ја гледа во новото сфаќање на работните односи, како и во посебностите на пазарот на работна сила во Грција:

„Во последните 20 години големите синдикати не се толку атрактивни“, се жали професор Кузис.

Тој додава дека младите луѓе тешко се анимираат за заедничко дејствување, па затоа и бројот на членови на синдикатите опаѓа константно од доцните 1980-ти. Но, вели Кузис, не смее да се заборави дека 99,5 проценти од грчките претприемачи вработуваат помалку од дваесет лица, па во вакви мали претпријатија е многу тешко синдикално дејствување.

Flash-Glerie Generalstreik in Griechenland
Од 1979 година во земјата имало 5.300 штрајкувачки акции, од тоа 90 проценти во јавните дејностиФотографија: dapd

Синдикални шефови зависни од политиката

Според голем дел од експертите, Грција следи европски тренд - модерните работни односи се флексибилни, но и непрегледни. Често работните места на неопределено време се заменуваат со работни договори со скратено работно време или со самостојно претприемаштво. На тој начин, се губи и моќта на големите синдикати.

Освен тоа, дел од синдикалните раководители стануваат зависни од политиката. Во Грција не ретко се случува синдикални шефови, кои и‘ биле блиски на една од партиите, потоа да бидат „наградени“ со пратенички мандат или министерска позиција. Јанис Кузис оценува:

„Едно синдикално движење кое не ужива доверба, на своите противници им пружа шанса за фронтален напад“, предупредува атинскиот професор за работни односи.

Синдикатите мора сами да преземат иницијатива, да се спротивстават на мешање однадвор и да се изборат за автономија и независност од политичките партии. Но, тоа не е едноставно, вели Кузис.

Jahresrückblick 2010 International Februar Finanzkrise Griechenland
Законски е пропишан минимум-сервис во денови кога се штрајкува, но законот само ретко се применуваФотографија: AP

Ако не се со тебе, барем да не бидат против тебе

Меѓутоа, синдикатите не можат да бидат обвинети за недостиг на штрајкувачки елан. Од 1979 година во земјата имало 5.300 штрајкувачки акции, од тоа 90  проценти во јавните дејности. Притоа, не се работело 1.300 денови. Многумина граѓани полека стекнуваат чувство дека работните конфликти се одвиваат врз нивен грб, дотолку повеќе што во Грција, по правило, не се извршуваат минимум услуги на денот на штрајк. Попрецизно кажано - законски е пропишан минимум-сервис, но законот само ретко се применува, објаснува професор Кузис:

„Според законот, штрајк во таканаречените основни дејности е допуштен само тогаш кога на располагање е ставен персонал за итни случаи. Ако тоа не се направи, тогаш е направен прекршок на прописите“, вели Кузис.

Тој нагласува дека има разбирање на работничката борба, но особено е важно да не се заврти јавноста против себе, ако веќе не може да се придобие на своја страна.

Автор: Јанис Пападимитриу / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Жана Ацеска