1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Грција ќе остане во еврозоната“

8 јануари 2012

Иако се наоѓа во многу тешка состојба, Грција ќе остане во обединетата Европа и во еврозоната, изјави грчкиот министер за надворешни работи Ставрос Димас во интервју за весникот „Вима“.

https://p.dw.com/p/13g7G
Шефот на грчката дипломатија Ставрос ДимасФотографија: picture-alliance/ dpa

Шефот на грчката дипломатија Ставрос Димас, кој е и потпретседател на конзервативната партија Нова демократија, вториот по големина партнер во актуелната владина коалиција, во интревјуто апелира до јавноста да и‘ даде целосна поддршка на владата во справувањето со должничката криза.
Тој нагласува дека и покрај сите претходни најави, Нова демократија сепак ќе го поддржи договорот за исплата на нова помош на Грција, постигнат за време на самитот на еврозоната лани во октомври.

Со договорот од Грција се бара спроведување на дополнителни мерки на штедење како услов за доделување нова помош. Претставници на Нова демократија во изминатиов период се изјаснуваа против усвојување нови мерки за штедење пред одржувањето на предвремените парламентарни избори, кои најверојатно ќе се одржат кон крајот на април или во мај.

Автор:СН/ЕМФ/миа

Редактор: Е. Милошевска Фиданоска