1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грци во Берлин

1 март 2005

Во центарот на Берлин 43-годишниот Андреас Муркудис води продавница за убави работи познати од Лондон до Њујорк, што значи облека и модни детали. Неговиот 44-годишен брат Костас е светски познат моден дизајнер. Родно место на обајцата Дрезден. Од таму во 1973 година со родителите се преселија во Западен Берлин.

https://p.dw.com/p/AePI

Всушност, патувањето требаше да продолжи кон Грција кај дедовците. Но, не смееја. Тоагшната воена хунта на бегалците од граѓаската војна во 1949 година не им дозволија да се вратат во земјата. Останаа во Германија.

Седум години десна рака на виенскиот дизајнер Хелмут Ланг во Париз, пет години шеф-дизајнер на италијанската модна куќа Дизел во Њујорк, сопстевна колекција на долен веш за Шисер која се уште се продава под неговото име. Костас Муркудис на меѓународната модна сцена е признаена големина. Овој успех не можеше да се предвиди кога семејатсвото пред 32 години буквално со еден куфер се пресели од Дрезден во Западен Берлин. По желба на родителите студираше хемија, но никогаш не работеше во таа професија, туку уште 3 години учеше моден дизајн на берлинското училиште. Врската со модата Костас ја објаснува и со неговото детство во ГДР:

“Желбата беше тука, зашто доаѓавме од една земја што не дозволуваше мода, ниту многустраност како таква. Можеби и напуштањето на таа земја, потоа соочувањето со потрошувачката, поттикнаа нешто внатрешно, нешто во гените што било предодредено во некаква сурова форма“.

И неговиот брат Андреас требаше да студира нешто обично. Издржа еден семестар на економија:

“Потоа го направив она што постојано го сакав – да студирам историја на уметноста. Имав среќа веднаш во првиот семестар да практицирам во еден музеј. Потоа, од практикант станав раководител“.

Андреас Муркудис скоро 20 години работи за “Музејот на предмети“. Пред три години ја отвори веројатно најголемата берлинска продавница за моден дизајн. Во меѓувреме изложбената и продажната површина се зголемија на преку илјада квадратни метри поделени во четири посебни простории. Понудата не содржи само новитети, туку, што му е многу поважно, и докази за добар вкус. Костуми до илјада и 600 евра, заедно со пенкала од 2 евра, но прекрасно сортирани. Смислата за естетика ја стекна со многу работа, сознанија и страст. Особини што го красат и неговиот брат. При набројувањето на проектите спомнува дека најнапред треба да учествува на една модна презентација во Токио. Гете-институтот во Јапонија претставува креативни германски дизајнери. Дали се чувствува како Германец?

“Секако, многу сум горд што сум Грк. И мојот пасош е грчки, како и на мојот брат. Ние сме грчки државјани. Овде сме родени, живееме во Германија, па затоа се соочуваме и со тоа“.

Оваа силна поврзаност со грчката националност има основа во биографијата на двајцата браќа. Нивните родители во 40-сеттите поради граѓанската војна ја напуштија Грција. Ним и на уште 100 илјади политички бегалци им беше одземено грчкото државјанство. Дури во 80-десеттите години грчката држава им го врати. Она што се чекало доволно долго, не се дава толку лесно. Но, има и друга причина, вели Андреас, поради која не побараа германско државјанство:

“Кога имавме шанса да добиеме германски пасош, веќе не го сакавме, зашто времето пред тоа, кога не можевме да го добиеме беше тешко – посебно да се добие дозвола за престој и друго. А, кога можевме, веќе не го сакавме. Едноставно сакавме само грчки пасош“.

Сето тоа веќе и не е толку важно, забележува на крајот неговиот брат Костас. Сега сме Европејци.