1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грчкиот туризам во офанзива

14 март 2006

Грција годинава беше државата партнер на Меѓународната туристичка берза во Берлин, најголемиот таков саем во светот. Земјата го искористи тоа на многу важната туристичка гранка да и даде нов полет.

https://p.dw.com/p/AeMM
Не е се во ведрото небо и историските споменици:Атински Партенон
Не е се во ведрото небо и историските споменици:Атински ПартенонФотографија: AP

Веќе сега 18 насто од брутонационалниот производ доаѓа од таму. Тоа го „помагаат„ и околу 13 милиони туристи што годишно ја посетуваат Грција. Но, се поскаува овој број да се зголеми. Едноставно не е, зашто таа не може да им конкурира со поповолни цени на соседните Турција и Тунис. Затоа на саемот многу се дебатираше за перспективите на грчкиот туризам.

Во оваа година, Грција, покрај Шпанија и Италија им припаѓа на добитниците кај германското расположение за патувања. Зголемувањњето на букирањата кај германските туристички агенции изнесува десет насто. Експертите за оваа бранша тоа го објаснуват со птичјиот грип, демонстрациите на омраза и природните катастрофи што влијаат врз плановите за одмор во оваа година. Мотивот безбедност го потисна мотивот цена од првото место. Од тие причини се намалија букирањата во арапските земји или во Турција. Од тоа профитира Грција. Но,колку долго? Туризмот е срамежлива срна што бргу бега, вели Михаел Френцел. Претседателот на управниот одбор на најголемата туристичка организација во Европа, ТУИ е сигурен дека грчкиот туризам ќе загуби ако се обиде и натаму да остане конкурентен со високи цени. За масовниот туризам има многу поповолни дестинации во средоземјето од Грција. Оттаму, неговата препорака гласи: диференцирани понуди на квалитет:

„Веруваме дека долгорочно оваа стртатегија за Грција е подобра и економски постабилна. Од клинетите во 60-тите, 70-тите и 80-сеттите на кои пред се им беше до плажа и сонце, сега се роди клиентела што има многустрани интереси: голф, спорт, култура, посети на градови, едрење, островски одмор. Тоа мора да се доградува и свесно да се дифиренцира во цените„.

Не е точно дека во Грција не се прават напори за нови туристички понуди. Меѓутоа, колку е тоа тешко, покажува таканаречениот аграрен туризам. Од пред неколку години во таа област постои посебна агенција. За концепцијата е одговорен Јанис Цитурас:

„Се уште сме во фаза на координација со локалните власти. Имено, мора да се изгради потребната инфраструкутура: патишта, реставрација на историските споменици и на старите патеки за шетање, но и мноигу други работи. Ако тоа не се случи, тогаш секоја приватна инвестиција, на пример во пансиони или во старите селски куќи ќе биде џабе„.

Грчкиот туризам предолго се потпираше врз ловориките од минатото. Будењето дојде дури откако конкуренцијата од Турција настапи со многу модерни понуди и подобри цени одземајќи и на Грција се повеќе гости. Следниот поттик за промени беа Олимписките игри во 2004 година. Инфраструкутурата на Атина е драстично подобрена. Приватниците, меѓу нив голем број хотелиери, инвестираа милијарда ипол во санација или новоградби. Само во наредните две години грчката држава ќе инвестира нови 14 милијради евра. Различни програми за поддршка од Европската унија на помалите хотели и пансиони им даваат можност да ја подобрат својата понуда. Колку е важно подобрувањето на квалитетот покажува примерот на Атина. Хотелските цени беа спуштени за околу 7 проценти зашто високите цени не беа во согласност со понудениот квалитет, вели претседателот на хотелското здружение на Атина, Јоргос Цакирис:

„Станува збор за тажна приказна. Сега мораме да ги подобриме нашите производи, за повторно да можеме да ги покачиме цените и одново да заживеат атинските хотели„.

Грчката централа за врски со странство во целиот свет сега настапува со мотото:„Доживеј го својот мит во Грција„. Меѓутоа, туристите не бараат толку многу. Најчесто се задоволни ако минат пријатно време.