1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грчките лекари и адвокати предвреме го започнаа штрајкот

АМ/миа16 октомври 2012

Двата најголеми грчки синдикати најавија генерален штрајк во земјата за 18 октомври, но грчките доктори и адвокати решија штрајкуваат порано и подолго. Адвокатите не работат од денеска до петок

https://p.dw.com/p/16Qbl
Фотографија: Reuters

Со штрајковите се сака да се покаже незадоволство против мерките за штедење, кои синдикатите ги нарекуваат варварски. Синдикатот на јавниот сектор АДЕДУ и грчката конфедерација на синдикати на вработени во приватниот сектор ГСЕЕ, кога го најавија најновиот штрајк, нагласија дека „варварските мерки" што ги планира Влада водат кон сиромаштија.

Министерот за здравство Андреас Ликуренцос вчера на „Тројката“ и го презентираше списокот со остри намалувања за милиони здравствени осигуреници. По три часа тежок состанок, Министерството за здравство се согласи да имплементира уште повеќе заштеди.

Пакетот вклучува двојно зголемување на партиципацијата за членовите на сите фондови - од 15 на 30 отсто за сите оние кои ќе изберат да се лекуваат во приватни болници, 200 милиони евра намалување на надоместоците за осигурениците од државниот, нова листа на лекови на рецепт со цел да се заштедат 300 милиони евра и рецепти врз основа на активната супстанца на лекот, кои ќе обезбедат 150 милиони евра.

На 18 октомври се одржува самитот на Европската унија до кој премиерот Андонис Самарас се надева дека ќе го договори пакетот мерки со Тројката меѓународни кредитори, за да може земјата да ја добие следната транша од заемот.