1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грчките полицајци се судрија меѓусебе

БГ/миа/макфакс6 септември 2012

Во Атина дојде до конфронтации меѓу полицајци кои протестираат и припадници на специјалните единици кои треба да ги обезбедуваат протестите.

https://p.dw.com/p/164TN
Фотографија: AP

Грчките полицајци кои протестираат против мерките за штедење го блокираа во четвртокот влезот во седиштето на специјалната полиција спречувајќи ги автобусите со припадниците на специјалните сили да тргнат на местата на одржување на големите протести овој викенд.

Меѓу припадниците на специјалната полиција коишто се обиделе да го ослободат влезот и неколку десетици припадници на синдикатот на грчката полиција избиле помали судири. Полицајците, од кои некои биле во униформи, извикувале пароли против мерките за штедење и носеле транспаренти.

Еден од учесниците на полицискиот протест за Ројтерс рекол дека полицајците демонстранти „нема да ги пуштат автобусите на специјалната полиција да тргнат кон Солун“, каде овој викенд се одржува голем стопански саем, но се најавени големи протести против мерките за штедење.

Репортерите на агенциите јавуваат дека се добивало впечаток дека некои од припадниците на специјалната полиција не сакале да се судрат со своите колеги во униформи. „Тие нe тераат на тоа да се бориме со сопствените браќа“, рекол еден од нив.

Овие протести се одржуваат и поради најновите намери на коалициската влада на конзервативецот Антонис Самарас која во настојувањата за кастрење на јавната потрошувачка сака да ги намали меѓу другото и издвојувањата за полицијата.