1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грчки пристанишни работници упаднаа во министерството за одбрана

ЖА/дв/дпа/макфакс4 октомври 2012

Пристанишни работници кои протестираа во Атина упаднаа во дворот на Министерството за одбрана. Тие бараат исплаќање на заостанатите плати. Неколку лица се повредени.

https://p.dw.com/p/16KCY
Фотографија: AFP/Getty Images

Гневот беше голем. „Ние гладуваме, веќе шест месеци не сме добиле плата“, скандираа околу 250 работници кои работат на градилиштата. Тие бараа средба со министерот за одбрана, но тој не се појави.

Демонстрантите ја шкршиле вратата и влегоа во дворот на воениот комплекс, а потоа го блокираа главниот влез во зградата на Министерството за одбрана. Бидејќи војниците кои ја обезбедуваа зградата не можеа да ги сопрат работниците, а началникот на генералштабот генералот Михалис Костаракос не успеа да ги убеди да излезат од воениот комплекс, па на помош беше повикана специјалната единица на полицијата.

Работниците не сакаа да се повлечат ни по доаѓањето на полицијата и набрзо дојде до жесток судир во кој имаше повредени на двете страни. Најмалку четири лица беа повредени, а други четворица уапсени во судири со полицијата пред зградата на грчкото Министерство за одбрана, јавија грчките медиуми.

Припадници на силите за борба против нереди употребија солзавец, за да ги растераат демонстрантите. Работниците тврдат дека од вкупно 1.100 работници во претпријатието, 160 не добивале плати за три години, а останатите - за шест месеци.