1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Г20 ги преземаат првите чекори

2 април 2009

Шефовите на дваесетте најразвиени индустриски и земји во развој во Лондон ги усогласуваат ставовите околу ново регулирање на светските финансиски пазари и институции.

https://p.dw.com/p/HOzo
Г20 ЛондонФотографија: AP

Учесниците на Самитот Г20 во Лондон по се ’ изгледа дека постигнаа согласност за построго контролирање на финансиските пазари, се дознава од преговарачки кругови на присутните делегации. Освен ова, шефовите на држави и влади на дваесетте водечки индустриски и земји во подем се договорија значително да ги зголемат финансиските средства за Меѓународниот монетарен фонд, за повторно да се придвижи закочениот тек на капиталот во земјите во развој.

Завршна декларација

Инаку учесниците на самитот денеска бараат решенија за надминување на економската криза и дебатираат околу светската финансиска реформа. До денеска попладне (02.04.09) треба да се усвои и заедничка декларација, во која земјите ќе се обврзат да преземат заеднички мерки против финансиските оази, за контрола на Хеџ-фондовите, рејтинг агенциите, како и да се создадат правила за платите на менаџерите.

Меркел и Саркози за строго регулирање на финансиските пазари

Кратко пред официјалниот почеток на Самитот, германската канцеларка Ангела Меркел го зголеми притисокот и побара построги контроли за финансиските пазари и нови правила за бонусот што го добиваат менаџерите. „Во светот се случи нешто уништувачки и процесот во кој западнавме никогаш повторно не смее да случи.“

US Präsident Barack Obama mit Angela Merkel beim G 20 Dinner in London
Канцеларката Меркел и претседателот ОбамаФотографија: AP

Најверен сојузник по ова прашање на канцеларката и’ е францускиот претседател Никола Саркози, времето на бескорисни самити е минато, смета тој. Но, очигледно е дека и САД се‘ повеќе се подготвени да се затегнат правилата за финансиските пазари. Американскиот претседател Барак Обама веќе даде согласност да се преземат реформи на пазарите.

„САД мора да се соочат со префрлувањето дека нивниот финансиски надзор во минатото беше недоволен.“, подвлекува Обама. Да се извлечат консеквенции од ова е од сопствен интерес и на САД, смета германскиот министер за финасии Пеер Штајнбрик, бидејќи САД како никоја друга земја се упатени на странски инвеститори, затоа е потребно повторно да ја воспостават довербата во сопствениот пазар. А за да се постигне тоа потребни се построги правила.

Кина против црната листа за даночни оази

Чекор, кој не им се допаѓа многу на Британците, кои на Самитот порадо би разговарале за натамошни конјунктурни програми отколку за регулирање на пазарите. „Нашиот премиер е екстремно амбициозен во она што го очекува од овој самит: затоа што апсолутно нема смисла луѓето само да дојдат овде употребувајќи ги старите аргументи и повторувајќи ги старите определби,“ истакна британскиот министер за економија Питер Менделсон.

Но, не се само Британците воздржани во однос на построги правила за финансиските пазари, туку и Кина се противи во некои точки, особено на барањето на канцеларката Меркел и претседателот Саркози да се направи црна листа со даночните оази, бидејќи со тоа би можеле да бидат погодени Хонг Конг и Макао.

Самитот на Г20 е придружуван и од масовни протести. Во насилните судири на демонстрантите со полицијата во финансискиот кварт на Лондон досега се уапсени 86 лица. Од досега неразјаснети причини еден демонстрант паднал во близина на Банката на Англија. Подоцна во болница е утврдена неговата смрт.

Автор: АТ/дв/ап

Редактор: Симе Недевски