1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Г20 се расправа кој да даде пари за одбрана од кризи

26 февруари 2012

Земјите на Групата 20 во Мексико Сити дискутираат за борбата против должничката криза во Европа. Голем број членки на Г20 од Европејците бараат поголем сопствен напор пред да биде засилен ММФ.

https://p.dw.com/p/14AIk
Фотографија: Reuters

Загриженоста поради европската должничка криза и‘ дава главен белег на средбата на министрите за финансии и шефови на централни банки на најважните индустриски земји и земји во забрзан подем, што се одржува во Мексико. Спорно е пред се‘ со чии пари треба да се зголемат финансиските средства на Меѓународниот монетарен фонд за да се биде подобро подготвен во борбата против актуелната и евентуални идни кризи.

Дел од земјите на Г20, меѓу нив и САД, сметаат дека на ред за давање пари се Европејците. Германија пак, отфрла зголемување на Европскиот чадор за спас над планираните 500 милијарди евра.

G20 Finanzminister Treffen Mexiko Mexiko-Stadt
Фотографија: Reuters

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле стави јасно до знаење дека единствен исправен пат за излез од кризата е енергичната буџетска консолидација во европските земји во криза, заедно со структурни реформи. Тој изрази загриженост што во последните 18 месеци Европа се концентрира речиси само на кусорочен кризен менаџмент. Со тоа, според Шојбле, од вид се губат прашањата на стабилност, одржливост и регулација.

Шефот на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) Анхел Гуриа наспроти тоа, побара фонд за стабилизирање кој ќе тежи околу 1,1 илјади милијарди евра, односно три пати повеќе од она што како финансии го имаат ветено ЕУ и ММФ. За создавање вакви поголеми „ѕидови за одбрана“ од кризи се изјасни и американскиот министер за финансии Тимоти Гајтнер.

Автор: ЕМФ/дв/ртр

Редактор: Б. Георгиевски