1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ДАКС индексот слави 20 годишен јубилеј

Штефан Волф1 јули 2008

Пред точно 20 години за прв пат беше пресметан водечкиот индекс на германската берза, познат по кратенката ДАКС. Неговите промени помно ги следат медиумите, но и сопствениците на акциите во земјата и во странство.

https://p.dw.com/p/EU31
ДАКС е пулсот на германското стопанство: трговец со акции на берзата во Франкфурт на МајнаФотографија: AP


На 1. јули 1988 за прв пат беше пресметан новиот индекс за движењето на германската берза. Тогаш тој броеше 1163 поени. Тоа беше промена во однос на своеволно зацртаната бројка од 1000 поени на Нова година 1987/1988. Изминатите 20 години се успешна приказна, оценува Роберт Халвер од Баденската банка, кој посочува и на фактот дека ДАКС денеска брои повеќе од 8.000 поени.


„Овде станува збор за чувства и не луѓето им треба нешто според кое ќе се ориентираат. Индексот ДАКС е таков инструмент од кој може да се види како се развива состојбата со економијата во земјата и со акциите на берзата. Тој е многу важен!“


ДАКС-от се пресметува многу брзо


Пред ДАКС немаше таков инструмент, односно имаше повеќе, кои мораа да се споредуваат. Предноста на ДАКС е таа што може да се пресмета во секоја секунда. Тој го опфаќа движењето на акциите на најважните 30 претпријатија во Германија, кои се котираат на берзата. Тие ретко се менуваат, во изминатите 20 години имаше се’ на се’ 24 промени во списокот. Значи ДАКС е и еден вид оаза на стабилноста.


Меѓу куриозитетите е излегувањето од списокот најважни претпријатија и повторното влегување на концернот за произведување автомобилски гуми „Континентал“. Добар дел од другите излегувања од списокот се должеа на фузии меѓу големите коцнерни, како на пример она на Круп и Тисен или Веба и Виаг кои се здружија во концернот ЕОН.


Барометар за германската, но и европската економија


Она што е битно е фактот дека ДАКС дава соодветна слика за состојбата во германското стопанство. Многумина од експертите го сметаат за еднаков по важност со американскиот индекс Дау Џонс. Заедно со британскиот ФТСЕ и францускиот ЦАЦ 40, ДАКС е своевиден барометар на економската ситуација во цела Европа.


„ДАКС во Америка е попознат од многу поголеми германски градови. Оној кој сака да ја купи Германија, тој купува претпријатија од ДАКС“ – оценува аналитичарот Роберт Халвер.


Дека неговата проценка не е претерана сведочи и фактот што меѓу вкупно 30 водечки претпријатија од списокот на ДАКС, од почетокот на годинава мнозинството се во рацете на странски инвеститори.