1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дали да се патува?

12 јануари 2005

По природната катастрофа во Јужна Азија, туристичката индустрија охрбарува да се патува во кризните подрачја, зашто разурнатиот рај сепак им нуди доволно капацитети на гладните за сонце. Пред нешто повеќе од една недела повторно тргнаа првите авиони со туристи кон погодените региони. Но, дали сега може да се очекува да биде се како пред тоа?

https://p.dw.com/p/AePd
Рано е за туризам во погодените подрачја
Рано е за туризам во погодените подрачјаФотографија: AP

“Околу 50 насто од хотелските капацитети на Пукет се уништени, пишува на интернет страницата на туристичкиот концерн ТУИ во Хановер. Другите 50 насто се недопрени и таму веќе од 1 февруари може да се оди на одмор“. Робин Цимерман од ТУИ:

“Сметаме дека за релативно кусо време ќе може да се оди на одмор како на Пукет, така и во Шри Ланка. Впрочем и владата е на мислење дека овие земји сега не треба да се остават на цедило, односно во туристичка изолација. На таков начин нема да може да им се помогне“.

Туроператорите веќе од 1 јануари ги возобновија патувањата кон Малдиви. Од поплавата таму се уништени 15 насто од хотелите. Тајландскиот остров Пукет и регионот Ранг Гна, напротив, беа повеќе погодени од полавата. Но, и таму туристите можат повторно да одат на сончање:

“Таму е можен доволно нормален одмор, таму и инфраструктурата не е премногу оштетена, но дали луѓето се подготвени таму да заминат, не можам да претпоставам“.

Армин Филхабер од организацијата за туризам и развој се занимава со последиците и влијанието на катастрофата врз туризмот. Според него, не би било добро уште сега да се патува во региони како Пукет, каде што луѓето недалеку од плажите, се уште трагаат по загинатите и се обидуваат да ги идентификуваат пронајдените тела:

“Станува збор за димензија поврзана со пиетет, значи се поставува прашањето, како да се патува веднаш. Има луѓе на кои им е сеедно и кои кон она што се случи можат да се постават незаинтересирано и да си тераат нормален одмор. За мене тоа е тешко сфатливо“.

Сепак, за луѓето во погодените подрачја би била втора катастрофа ако изостанат туристи. Некои региони на Тајланд или Шри Ланка со 90 насто зависат од западните туристи. Армин Филхабер сепак е убеден дека претходно мора да се направат уште некои подготовки пред да се замине на одмор со чиста совест:

“Мора да се обнови инфраструктурата, сместувалишта, улици, но и луѓето мораат да бидат во ментална состојба пријателски да ги пречекаат гостите. Тоа сега не е така, зашто таму се уште многу луѓе трагаат по своите роднини и пријатели или беспомшно седат врз урнатините“.

Ќе потрае подолго додека животот и туризмот во Јужна Азија повторно да можат да функционираат како пред катастрофата и во тоа не се сомневаат ниту туристичките организации.