1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дали Европа ја игра валканата игра на Гадафи!?

Рајнер Золих12 јули 2007

Врховниот суд на Либија вчера ја потврди смртната пресуда против петте бугарски медицински сестри и палестинскиот лекар. Европа изрази загриженост и жестока критика поради одлуката на судот. Коментар на Рајнер Золих

https://p.dw.com/p/BF7C
Муамар ел ГадафиФотографија: AP

Повторната потврдата на смртната казна многу јасно покажува: Либискиот револуционерен водач Муамар ел Гадаф се уште не се развил од „непријател“ во „парнер“ на западот. Иако Гадафи веќе не испраќа тешко вооружени терористи низ светот, се откажа од сопствена атомска програма и навидум одобри широкоградо обештетување за жртвите при нападото во Локерби: тој останува тешко пресметлив диктатор кој не може лесно да се придвижи за сораборка. Барем не без доволно голема против услога.

Се разбира Гадфи, не ја донесе лично, барем не непосредно, последната пресуда. Но би било наивно да се верува дека токму либиското законодавство пресудило независно од владеачкиот диктатор. Со својот ексентричен и политички променлив „револуционерен водач“ на чело, Либија има забележително посебна улога меѓу државите во регионот. Но Либија е се друго освен правна држава.

Ова го покажува и мачниот долг процес против медицинските сестри од странаство. Тие повторно беа осудени на смрт поради наводно намерно инфицирање на преку 400 либиски деца со сида – иако консеквенто тие ја потврдуваа својата невиност и уверуваа дека нивните првични признанија биле изнуденди со измачување. Уште повеќе тежи тоа што стручното мислење на меѓународните експерти, кои ги сметатат исказите на обвинетите за веродостојни, воопшто не биле земени в предвид при донесувањето на пресудата. Според нивното мисење за лошата судбина на децата не се одговорни медицинските сестри туку хигиенските услови во болницата.

Но очигледно е зошто судиите сега повторно пресудија до таа мера неправедно: Фундаментална критика на состојбите во здравствениот систем веднаш би значела и фронт против владеењето на Гадафи. Разбирливиот гнев на членовите на семејствата на жртвите со ХИВ вирусот тогаш директно би бил насочен против владетелот во Триполи.

Последна надеж која сега им останува на медицинските сестри е токму подмитливоста на либискиот режим кој бара повеќе меѓународно признание. Во понеделник случајот ќе го разгледува највисокиот правен совет на Либија. Тој може да ја потврди смртната казна, може да ја поништи или да ја смени. Можно е одлуката да зависи од цената која Европејците се подготвени да ја платат за така нареченото „обештетување“ на либиските семејства на жртвите. 10 милиони евра за семејство наводно се бараат, самата Либија би додала пари. А шпекулации дека веќе е постигната спогодба со Европејците се проширија уште пред да биде потврдена пресудата.

За Европа ова би значело дека ја игра валканата игра на Гадафи – значи попуштила под правно задскриено изнудување, кое либискиот властодржец пред меѓународната јавност би можел да го претстави како великодушен гест, а во својата земја како успех во преговорите во корист на децата заболени од сида. Но на нивните семејства и на осудените медицинари може само да им се посака вакво решение.