1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дали е можно еврото да пропадне?

17 јуни 2010

Натрупаните долгови, невистинити статистики и прележерната фискална политика на некои земји-членки на Европската монетарна унија отворија дискусија за еврото. Меркел во Бундестагот изјави дека еврото е во опасност.

https://p.dw.com/p/NsGM
Еврото е загрозеноФотографија: picture-alliance/dpa/DW

„Ако пропадне еврото, ќе пропадне и Европа“, рече сојузната канцеларка Ангела Меркел кон средината на мај во Ахен на доделувањето на Карловата награда на полскиот премиер Доналд Туск. Оваа реченица изгледа толку и‘ се допадна што неколку дена подоцна ја повтори и во германскиот Бундестаг.

Валутата може да изгуби на вредност

Bundeskanzlerin Angela Merkel Rücktritt Horst Köhler
Сојузната канцеларка Меркел изрази загриженост за евротоФотографија: AP

Оваа реченица звучи добро. Но, од економски аспект има само еден мал недостаток - таа е бесмислица. Имено една валута не може да пропадне, без разлика дали се вика евро или Мики Маус. Валутата не може да пропадне се‘ додека некој ја прифаќа како платежно средство, но може да изгуби на вредност, вели Јирген Матес од Институтот на германското стопанство: „Од аспект на странските инвеститори девалвацијата на еврото значи загуба на пари. Во тој поглед може да се каже дека тоа има влијание. Но, од оваа перспектива е навистина тешко сфатливо ако некој каже дека еврото ќе пропадне.“

Канцеларката можеби мислела на опасноста од распаѓање на монетарната унија, доколку некои членки евентуално сакаат да го напуштат Евро-клубот. Имено, членовите не можат да бидат исфрлени од монетарната унија, вели Јирген Матес: „Не, немаме легални мерки за тој пат. Сега во Лисабонскиот договор, кој од декември минатата година важи за ЕУ, стои барем законско право за истапување. Сепак тоа е право на истапување од Европската унија воопшто, а не од монетарната унија. Би рекол дека тоа е можно од правен аспект. Што се однесува до економската страна на истапувањето, тоа е веќе друго прашање.“

Истапување од монетарната унија

Professor Michael Hüther
Проф. Михаел Хитер, директор на Институтот на германското стопанствоФотографија: DW

Значи теоретски една земја може да истапи од Европската унија, и повторно да пристапи во наредната минута, и со тоа ќе го изгуби членството во Евро-клубот. Михаел Хитер, директорот на Институтот на германското стопанство прилично отворено кажува што мисли за оваа комбинација: „Сметаме дека тоа е нелегитимно, оти не е реално исфрлувањето или истапувањето од монетарната унија да се смета за вистинска опција и да се дискутира за тоа. Како да си го замислиме тоа? За тоа мора да се преговара. Може да бидат засегнати само земји со слаба валута, кои би истапиле со надеж дека можат да направат девалвација, која во моментот им е оневозможена. Тоа може да предизвика бурни реакции на приватните штедачи, кои ќе ги преплават банките да им ги исплатат во готовина нивните заштеди во евра. И понатаму мора така да се постапува со државните долгови, непроменети за 95 проценти во евра и за пет проценти во американски долари, одредени кај Грците. Така енормно би поскапел увозот, особено во областа на суровините. Тоа значи дека со сите овие исклучоци состојбата не е многу конструктивна, и ќе мора да почекаат се‘ да се смири за да можат нешто да превземат.“

Шпекулации дека Грција тајно печати драхми

Giorgos Papakonstantinou Finanzminister Griechenland
Грчкиот министер за финансии Јоргос ПапаконстантиноуФотографија: AP

Мирно или тајно подготвено и наеднаш спроведено, за вложувачите да немаат шанса претходно да ги преплават банките. Само така може да се објаснат најновите гласини дека Грција тајно повторно печати драхми. „Смешно“, вели министерот за финансии Јоргос Папаконстантиноу за овие шпекулации и покани телевизиска екипа во „светите“ простории каде се коваат монети. Така Грците во вестите со сопствените очи можеа да се уверат дека машините исфрлаат монети-евра и ништо друго. Сепак: „Истапувањето, кое би се случило сосема ненадејно, технички можеби би можело да се изведе“, објаснува Јирген Матес, кога би можело да остане во тајност, што искрено е прилично утопистички. Да, да се има сопствена валута би било убаво. Ако се направи девалвација, повторно се добива конкурентност и може да се започне од почеток. Предуслов е да соработуваат синдикатите и да не предизвикаат спирала на трошоците за плати. Во кризата во Азија некои земји успешно го спроведоа тоа. Но: „Во Азија тоа функционираше. Но, ако се погледне во историјата и ако погледнете колку се силни токму синдикатите во јужна Европа, тогаш е дискутабилно дека тоа може да успее во Европа.“

Автор: Ролф Венкел / Јасна Мушиќ Јанчулева

Редактор: Жана Ацеска