1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дали е на повидок заладување во односите меѓу САД и Русија?

9 февруари 2007

Зошто Русија најавува зголемувања на воениот буџет и модернизација на воените системи, какви што немало од времето на студената војна и блоковската поделба на светот? Одговори на овие прашање нуди следниот прилог на Андреас Нол.

https://p.dw.com/p/AdtT
Нови стратешки амбиции? Рускиот претседател Владимир Путин
Нови стратешки амбиции? Рускиот претседател Владимир ПутинФотографија: AP

Најновото заострување на тонот меѓу Вашингтон и Москва буди непријатни сеќавања. Од една страна, американски сенатори ја обивнуваат Русија за империјалистичка политика кон соседните земји и повикуваат дури на исклучување на државата од групата најразвиени земји Г 8. Американците истовремено градат системи за против ракетна одбрана во Полска и Чешка, земји кои порано му припаѓаа на Источниот блок. Русија возвраќа со демонстративно зголемување на трошоците за вооружување (дури за четири пати во однос на 2001-та), со најава за создавање нова воена доктрина и со повторно снабдување растечки круг чудни режими со оружје. Тука спаѓаат Кина, Иран, Сирија, Индија и Пакистан.

Згора на тоа доаѓаат случаите со манифестирањето сила во однос на земјите кои пренесуваат руска нафта за Западот, како недоамна Белорусија. Сето тоа буди растечка скепса, на пример кај актуелниот претседавач со ЕУ, германската канцеларка Ангела Меркел:

“Овој случај не значи акутно загрозување на нашето снабдување со енергија, но последните години се појавуваат постојано проблеми со преносот на нафта и земен гас. Затоа ни треба правна сигурност“ порача неодамна Меркел.

Енергијата секако е важен адут во рацете на Кремљ, смета и експертот за руски прилики Еберхард Шнајдер:

“Земниот гас односно енергијата е важен инструмент за Русија за да ги протурка нејзините амбиции на голема сила. Но, од друга страна не смееме да заборавиме дека даночните приходи на руската држава во голема мера зависат од добивките ор продажба на нафта и гас, што индиреткно значи стабилизирање на државниот буџет, што е во интерес на Западот.“

Тоа што Русија повторно настапува посамосвесно по шокот од распаѓањето на Советскиот Сојуз и Источниот блок, секако има врска со богатството со нафта и земен гас. Како втор по големина извозник на нафта во светот, Русија има важна улога во снабдувањето на Западот. На полето на земниот гас дури две третини од потребите на земјите членки на ЕУ се покриваат со руски извори. Во Москва и во Техеран веќе се слушаат идеи за создавање еден вид организација за цените на земниот гас, по углед на ОПЕК.

Врз заработените пари од продажба на енергенсите почива и најавеното модернизирање на руската армија. Тоа е секако одговор на американскиот систем за против ракетна одбрана, што ќе се инсталира во Полска и Чешка. Тој според Вашингтон е насочен против недоверливи земји како Иран, но секако претставува и промена на рамнотежата на силите меѓу Русија и Западот. Москва нема да набљудува со скрстени раце, наспроти уверувањата на претседателот Владимир Путин при неодамнешната посета на Индија:

“Супер сила е израз од ерата на студената војна. Во изјавите дека Русија се стреми кон враќање на таквиот статус гледам см обид да и‘ се наштети на веродостојноста на Русија. Русија се залага за мултиполарен свет и демократски светски предок, како и за засилување на меѓународното право!“