1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дали интернетот ќе ги испразни библиотеките?

2 јули 2009

Книги, публикации, вести и форуми за социјални контакти – овие форми на информирање ги има во изобилство на интернет. Колку медиумот, што честопати го заменува користењето на библиотеките, го смени животот на студентите?

https://p.dw.com/p/IdKq
БиблиотекаФотографија: picture-alliance/ dpa/dpaweb

Интернетот стана незаменлив за младите од целиот свет. Студирањето речиси да не може повеќе да се замисли без виртуелната библиотека. Бенедикт студира Јапанологија на универзитетот во Бон. Тој е цврсто уверен дека интернетот е од голема помош. „Многу ми помага, затоa што отвара големи можности за истражување. Сите актуелни списанија може да се прочитаат онлајн, не мора да се земе книга в рака и да се прелистува, туку се' се одвива преку функцијата пребарување, многу практично.“

Student in Shanghai surft im Internet
Студент пребарува на интернетФотографија: AP

Неговиот студиски колега Михаил дополнува „Сега не мораме да ги изнајмуваме книгите или да чекаме, додека некој ги врати во библиотека: токму за јапанолозите, јас студирам Јапанологија, има програми со кои може да се учи Канџи на пример, многу практично.“ Толку брзо, како на интернет, Михаил никаде нема да најде матријали за изучување на јапонските знаци - Канџи.

Колку се доверливи интернет страниците?

За студирањето се најважни информациите, но тие мора да бидат проверени. Затоа е неопходно студентите да знаат кој е одговорен за страницата што ја користат или дали понудувачот е сериозен.

Нина студира англиски јазик и филозофија и смета дека ова не е проблем. „Досега немам лоши искуства, но слушнав и други работи.“ Михаил пак вели: „Повеќето што сум ги користел досега, за кои впрочем се плаќа, беа доверливи, не сум пронашол грешка, дали ми помогнаа информациите, тоа се разбира е друго прашање.“

Студтентите и професорите комуницираат преку интернет

Студентите го користат интернетот не само за пишување на семинарските работи. Тие комуницираат со професорите преку и-мејл и им ги испраќаат задачите за корекција. Од друга страна и професорите ги информираат студентите за програмските планови преку и-мејл, а за консултации студентите може да се пријават само преку интернет. „Планот од предавњата ни го испраќаат преку и-мејл, не мора се' да запишуваме“, нагласува Нина.

Computer und Internet
ИнтернетФотографија: DW

Артур пак, кој студира географија појаснува. „Постои и-кампус, односно платформа на универзитетот во Бон и во меѓувреме може да се забележи дека преку оваа платформа се добиваат голем број информации за курсевите. На платформата може да се најдат многу податоци, презентации или слично. Од професорите добиваме се’ помалку информации во печатена форма. За да договориме термин, во секој случај го користиме интернетот, но има и директни разговори со професорите.“

Интернетот отвора големи можности за размена на знаењата

Честопати се случува, студените и социјално да се ангажираат преку интернет. Особено омилени се студентските асоцијации, преку кои се одвива размена на знаењето. Една таква организација е Меѓнародната асоцијација на студентите по агрикултура, раководена од самите студенти. Таа е активна во повеќе од 40 земји во светот.

Пренесувањето на знаењето, основната задача на оваа организација се одвива преку семинари, воркшопови и размена на практиканти. „За Асоцијацијата на студентите по агрикултура интернетот е неизмерно важен, затоа што нејзината меѓународна управа комнуницира само преку интернет. Тоа се студенти, кои работат доброволно и ги добиваат информациите преку интернет“, подвелкува Штефани Клетке, одговорна за склучување партнерства со други организации.

600 Jahre Uni Leipzig - Universitätsbibliothek
Универзитетската библиотека во ЛајпцигФотографија: picture-alliance/ ZB

Директорката на огранокот на меѓународната организација во Бон, Сузане Циглер пак нагласува дека е многу важна комуникацијата меѓу членовите во организацијата. „За мене, односно за нас, интернетот е дотолку важен, така што имаме веб-страница, каде може да објавиме каде и што се одржува, луѓето генерално може да се информираат за организацијата, кои активности ги имаме, кои програми.“

Дали библиотеките и предавалните на универзитетите во иднина ќе останат празни, ќе покаже времето. Но едно уште сега може да се заклучи, интернетот значително го промени студентскиот живот.

Автор: Александра Трајковска

Редактор: Жана Ацеска