1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дали и кога ќе се забранат касетните бомби?

5 декември 2007

Во Виена почна тридневна меѓународна конференција на која се дебатира за укинување на употребата на распрскувачко оружје. Делегати од 133 земји до петок ќе ги договараат рамките на договорот за забрана на ова оружје.

https://p.dw.com/p/CXTT
Касетна бомбаФотографија: AP

За да ја изврши својата работа нејзинтата работа на косовската Албанка Миранда Нуши и се потребни добри нерви: таа мора да работи само полелка. Миранда декативира не експлодирани касетни бомби.

Кога се употребува вакво оружје се распрскува на стотици мали ексползивни делови на што поголема површина - тоа е она што распрскувачкото оружје го прави интересно за војската. Но многу од овие „мини бомби“ не експлодираат веднаш штом ќе се фрлат. Тие остануваат на земјата и како неекслодиранеи се најмалку толку опасни колку и нагазните мини.

Миранда Нуши мора да ги острани токму овие стари бобми. 33 годишната Косовска Албанка за тоа веќе со години го става својот живот во опасност. Колку е опасна нејзината работата покажува примерот на нејзиниот колега, кој погина декативирајќи мина.

Жртвите најчесто се цивили

Според официјалните бројки од распрскувачка муниција се убиени 100 илјади луѓе. Жртвите најчесто се цивили: селани и земјоделци и особено често се погодени децата.

Употребата на распрскувачко оружје во принцип е спротивна на меѓународното право, критикува и Томас Кихенмајстер од сојузот на борба против нагазните мини во Германија „Овој вид муниција се води според методот на случаен избор. Не разликува меѓу цивилни и воени цели. Тоа е она поради што трба да се забранат според Женевската конвенција.“

И покрај се’ само две земји во светот се убедени дека е потребан забрана за касетните бомби: Белгија и Австрија, која утре ќе усвои закон во националниот совет. Паралелно со ова во Виена се оддржува повеќедневната конференција за забрана на распрскувачка муниција во рамките на така наречениот Осло процес.

Сеуште постои убедување дека од оружјето има воена корист

Во иделен случај уште од наредната година, што е можно повеќе држави би се обврзале да ја зарабанат распрскувачката муниција и да се уништат постоечките арсенали со такво оружје. Еден ваков договор би требало да ги стави под притисок и земјите како САД, Кина и Русија кои досега попречуваат ваков протокол во рамките на ОН.

И Германија како производител на распрскувачко оружје во процесот игра двојна улога смета Кихенмајстер "Се уште постои убедувањето дека од ова оружје има воена корист. Затоа се бараат и долгите преодни периоди. Од друга страна не смее да заборви дека во Герамнија има многу фирми кои профитираат од овој систем за оружје. И тоа сигурно игра улога. “

Германските невладини организации пред неколку денови и предадоа на германската влада пакет со околу еден милион потписи против употребата на распрскувачка муниција. Тие бараат што е можно поскоро да се смени политиката и процесот да почне уште во текот на виенската конференција.