1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дали подароците за Божик ја губат својата вредност?

Данхонг Жанг/ Александара Трајковска22 декември 2012

Најголемиот број Германци се радуваат на Божик. Притоа подароците за празникот не само што честопати фрустираат, туку значат и губење на вредноста - сметаат некои економисти.

https://p.dw.com/p/177b2
Фотографија: orcea david/Fotolia

Кој како дете не добил од тетка му блуза за Божик, која потоа никогаш не ја облекол. По неколку години истата таа блуза завршува или како стара облека или директно се фрла. Ова еднозначно е губење на благосостојбата, вели Ахим Вамбах, професор по економија на универзитетот во Келн за време на една расправа.

„Божикните подароци честопати не ги погодуваат вкусовите на оние на кои им се подаруваат и затоа се неефикасни“, вели Вамбах. Со резултатите од една студија на американскиот професор по економија Џоел Валдфогел, Вамбах се обидува да ја потврди неговата теза. Според студијата, студентите на Валдфогел навеле, колку тие самите би платиле за подароците кои ги добиле. Сумите делумно беа многу пониски, отколку што подароците навистина чинеа. „До една третина од вредноста се уништува со подарувањето“, вели Вамбах. „Без Божик подобро би стоеле“, заклучува тој. 

Неговиот колега Аксел Окенфелс напротив влегува во улогата на економист која го истражува однесувањето на потрошувачите и ја брани вредноста на подароците. Притоа покажува на својата вратоврска: „Ова беше подарок од Ахим Вамбах“. Според теоријата на Вамбах вратоврската би била целонса загуба, за себе никогаш не би ја купил, но „кога подарокот е тука, тогаш се радуваме на него и сосема поинаку го оценуваме“, вели Окенфелс. „Ако на пример наместо тоа добиев 20 евра, немаше толку да се радувам“, дополнува професорот по економија.

Symbolbild Versandhandel im Internet
Подароците нарачани преку интернет за Божик стигнуваат во украсна хартијаФотографија: picture-alliance/dpa

Вамбах меѓутоа контрира: поекономски би било, директно да се подарат пари. Впрочем според една студија на Здружението за советување на претпријатија „Делоит“, речиси половината од германските граѓани за Божик си посакуваат пари.

Но, парите конечно не се се’. Ова го покажуваат и истражувањата на претпријатијата нотирани на германската берза. Иако исплатата на бонус од година во година се зголемува, продуктивноста тапка во место. Тука се брои релативната споредба, вели Окенфелс. „Ако еден менаџер добие помал бонус од неговиот колега, се намалува неговата мотивација“.

И покрај сета критика кон рационалниот економист и Окенфелс признава дека со подароците за Божик се губи одредена благосотојба, но дека загубите може да се намалат преку комуникацијата, на пример со листите со желби.

Bildergalerie Weihnachtsgeschenke
Колку подароците под божикната елка се вистинските?Фотографија: cmfotoworks - Fotolia.com

Правила на подарувањето

Професорото Вамбах на слушателите на собирот им дава конкретни предлози и притоа останува на ставот дека е најдобор да се подарат пари. Доколку тоа не е поволна опција тогаш треба да се делува според сопствените интереси. На пример ако еден добар познавач на вината на другите им подари вино тогаш се „зголемува ефикасноста“. Тој лично најдобро може да одбере учебници, се шегува Вамбах.

Со подароците можат да се испратат и сигнали, продолжува економистот: „Ако некој подари лично направен подарок, пораката гласи: имам повеќе време од пари“.

И последно правило на подарувањето: кој подарува мора и да страда. Така сосема посебен подарок за неговата сопруга е - да оди со неа цел ден на шопинг, иако притоа мора да страда. Смирува фактот дека и економистите кои функционираат според принципите на економските вредности сепак се во состојба да покажат љубов и внимание.