1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дали Северна Кореја останува само на војна на зборови?

ЖА/дв/дпа/афп/ртре12 март 2013

Ким Јонг Ун ја повика војската да биде максимално подготвена за воен судир со Јужна Кореја. Но, експертите сметаат дека се‘уште не постои непосредна опасност од војна.

https://p.dw.com/p/17vW7
Фотографија: Reuters

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун (на насловната фотографија, втор од десно) со особено гневни зборови се закани со напад врз јужнокорејскиот остров Бенгнионг. Во случај на вооружен судир, малиот остров во близина на поморската граница меѓу Северна и Јужна Кореја би бил прва цел на севернокорејската армија, го цитирашедржавната новинска агенција КЦНА лидерот Ким.

Кога ќе падне наредбата за напад,„треба на лудиот непријател да му го скршите ‘рбетот, да му ги пресечете грлото и јасно да му покажете што значи војна“, побарал лидерот од Пјонгјанг.

Ким ја повика војската да биде максимално подготвена за војна, откако Пјонгјанг го прогласи за неважечки договорот за примирје со којшто во 1953 година заврши Корејската војна. Ким Јонг Ун им рекол на припадниците на артилеријата недалеку од спорните води, поради кои изминатите години се водени крвави судири, дека војната може веднаш да почне.

Nordkorea Kim Jong-Un droht mit Angriff auf Baengnyeong
Ким Јонг Ун со остра реторикаФотографија: Reuters

Посетата на Ким и поништувањето на договорот за примирје се реакција на минатонеделното заострување на санкциите на ОН поради севернокорејската нуклеарна проба извршена на 12 февруари. Пјонгјанг исто така се закани со нуклеарен напад на САД, но сепак не е јасно дали Северна Кореја ќе оствари некои од овие закани.

Јужнокорејското Министерство за одбрана соопшти дека нема никакви знаци дека нејзиниот северен сосед планира напад или нова нуклеарна или ракетна проба и оцени дека Пјонгјанг само се обидува да изврши психолошки притисок врз Сеул. Сепак, дел од жителите на островот Бенгнуонг признаваат - чувствуваат малку страв, сите се во состојба на аларм. На островот живеат околу 5 илјади луѓе, а постојат неколку воени објекти.

Инаку, Јужна Кореја денеска порача дека одбива да го признае севернокорејското еднострано поништување на 60-годишната спогодба за примирје и од Пјонгјанг побара да се воздржи од својата воинствена реторика.

Südkorea Soldaten an Grenze zu Nordkorea
Јужнокорејски војници на границата кон Северна КорејаФотографија: Reuters

Северна Кореја минатата недела соопшти дека ќе го раскине договорот за прекин на огнот и другите билатерални договори со Сеул доколку Јужна Кореја и САД ги почнат планираните заеднички воени вежби.

Маневрите „Конечно решение“, кои Пјонгјанг ги доживува како подоготвки за агресија, почнаа во понеделникот, додека од 1 март, на југот на земјата, се изведуваат други, многу поголеми двомесечни заеднички воени вежби.

Откажувањето од спогодбата за примирје теоретски ја отвора вратата за продолжување на непријателставата меѓу двете Кореи кои никогаш не потпишаа договор за мир и практично и натаму се во војна.

Јужна Кореја најави дека со помош на САД и Кина ќе се спротивстави на секој обид за раскинување на спогодбата за ненапаѓање меѓу двете Кореи. И ОН се на исто стојалиште - договорот и натаму постои, тој е парафиран пред Генералното собрание на ОН и ниту едната ниту другата страна не можат еднострано да го откажат.