1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дали ЦИА ќе се извлече?

17 декември 2007

Неколку месеци по нападите од 11 септември 2001, САД, уапсија веројатни терористи на Ал Каеда што беа сослушувани во тајни затвори од страна на иследници на ЦИА. Најмалку двапати била вклучена и видео-камера.

https://p.dw.com/p/CccT
Се се одвивало според сопстевна волја. ЦИА - држава во држава?Фотографија: AP GraphicsBank

Постоењето на овие филмувани докази ЦИА го оспоруваше и пред конгресот, судиите и комисиите. Пред две години ЦИА ги избриша лентите што јавноста го дозна пред само една недела преку извештаите на весникот „Њујорк тајмс„. Дури ниту претседателот Буш, според сопствените изјави, не знаел за тоа. Директорот на ЦИА Мајкл Хајден го бранеше чекорот: се сакало да се заштитат иследниците од можна одмазда на Ал Каеда, а лентите не биле вредни ниту за тајната служба, ниту за судовите. Ова објаснување предизвика натамошна вознемиреност. Републиканскиот пратеник во Конгресот Пит Хекстра, член на одборот за тајните служби, вчера преку телевизискиот канал Фокс, изјави:

„ЦИА не не информираше ниту за постоењето, ниту за уништувањето на тие ленти, иако уставно е должна да го направи тоа. За тоа ќе мораат да положат сметка„.

Кој ја дал наредбата за бришење?

Владата на Буш не би сакала конгресот да отвори сопствена истрага. Спред „Њујорк тајмс„, министерството за правда замолило да запре работата на истражниот одбор. Конечно, министерството само води истрага, и таа би била згрозена ако се води паралелна истрага. Тоа би значело, планираното сослушување на соработниците на ЦИА во Конгресот да отпадне. Шефицата на одборот за тајните служби Џејн Харман и крајно незадоволна:

„ Како парламент, ние сме независни. Освен тоа, Конгресот, поточно речено јас уште во 2003 година писмено ја предупредив ЦИА да не ги уништува видеата. И покрај тоа, го направија тоа, а нам ништо не ни кажаа„.

Во дебатата се вклучи и демократот Иван Беј кој е претседател на комитетот за тајните служби во американскиот Сенат. Тој за ЦНН изјави:

„Сосема е можно на лентите да нема ништо илегално, па можеби ниту уништувањето не било илегално. Меѓутоа, работеле така како да сакале нешто да сокријат. Тоа можеа лесно да го спречат ако малку повеќе соработуваа„.