1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дали ќе има предвремени парламентaрни избори?

Александар Чомовски 15 јануари 2008

Дали оставката на македонската министерка за економија, Вера Рафајловска е вовед во темелна реконструкција на владата? Се подготвуваат ли предвремени избори во Македонија?

https://p.dw.com/p/Cq1D
Владата на премиерот ГруевскиФотографија: DW
Околу 57 насто од анкетираните го посакуваат реизборот на Никола Груевски за шеф на македонската влада. Довербата во него е двапати повисока од 27 проценти граѓани што би поддражале Бранко Црвенковски повторно да биде избран за претседател на Македонија. Тоа се двете највлијателни и најпопуларни личности според последната анкета на ИРИ. Со таква лична и супериорна доверба, премиерот полесно ќе ги премости или првата посериозна реконструкција на владата или вонредни парламентарни избори кои се заговараат за летото. Без оглед што премиерот Груевски не открива дека се подготвува за избори, тој веќе за нив разговарал со колаиционите партнери Тачи и Петковски.