1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Даночните оази во светот

21 февруари 2008

Лихтенштајн, не е единствената даночна оаза на планетава. Но, сега и другите се најдоа на нишан.

https://p.dw.com/p/DAKz
Кој ќе го натера Дубаи да се однесува поинаку? Има пари и има нафта!Фотографија: AP

Лихтенштајн и Швајцарија наскоро ќе излезат од мода, вели Претседателот на германскиот даночен синдикат Дитер Ондрачек: „Веќе сега почнува преселбата кон Сингапур, Дубаи, Кајманските острови, или Вилмигтон Делавер во САД. Андора е се уште популарна. Секако во целиот свет постојат држави кои радо примаат такви пари и не се подготвени да соработуваат.“

Даночните оази во светот можат да се поделат во три категории: имено, во „стаклени“, „паушализирани“ и „молчаливи“.

Grafik Geldbündel in Waage korruption Bestechnung Symbolbild mit Thumbnail
Каде се плаќа помалку данок?Фотографија: AP

Во првата категорија се држави кои автоматски им испраќаат контролни информации на германските даночни власти. Вложените пари, покрај каматите, рутински се пријавуваат. Најголемиот број европски држави спаѓаат во оваа категорија, но егзотичните како Кајманските острови, Аруба, Гваделупе или Мартиник.

Таканаречените „паушални“, беа да спомнуваат имиња, земаат паушален данок за германскиот фискус кој од 2011 година ќе изнесува 35 проценти. Лихтенштајн, Андора, Швајцарија, како и Австрија, Луксембург и Белгија спаѓаат во оваа група земји, при што последните три набргу ќе се вбројуваат во оние што даваат контролни извештаи. Во тој поглед расте и притисокот врз владата во Вадуз.

Кои се вистинските даночни оази?

Во вистинските даночни оази во кои вооопшто не се почитува фискусот на странските вложувачи, се вбројуват финансиски места од кои такво нешто и не може да се очекува: Бахами, Хонгконг, Сингапур, Русија или Обединетите Арапски Емирати, но и финансиски метрополи и држави како Исланд, Хрватска, Турција или Норвешка.

Како стигнуваат во овие држави парите чии камати не се декларирани? За ова даночниот експерт Дитер Ондрачек:

„Парите стигнуваат на повеќе начини. Може да се направи трансфер на готови пари. Меѓутоа, опфатот на тој начин е ограничен. Затоа може да се префрлуваат пари преку повеќе места. Потоа ќе бидат вклучени одвоени сметки. Се’ наликува на сосема нормална зделка или на услужна дејност која воопшто не се случила. Потоа парите се трансферираат, но најчесто не директно, туку повторно преку три или четири места.“

Политиката има ограничени можности

Liechtenstein Vaduz Wegweiser
Лихтенштајн под притисокФотографија: AP

Ондрачек долго работи врз ова проблематика и затоа смета дека не треба да се имаат илузии оти даночните оази во светот ќе исчезнат со политички санкции:„Политиката има ограничени можности. Може да врши политички притисок врз државите што се чувствителни на тоа. Но, такво нешто на пример, не е замисливо кон Дубаи. Таму се толку автархични и самите имаат толку пари, што воопшто не се зависни, а нафтата што ја имаат им е потребна на сите. Ова е само еден пример. Таму ќе биде тешко да се изврши притисок, отколку врз Лихтенштајн или Швајцарија, или врз островските држави во рамките на Европската унија.“