1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дарфур – САД

30 април 2007
https://p.dw.com/p/Ag91

Во спорот околу испраќањето сили на ОН во суданскиот кризен регион, Дарфур, дошло до придвижување. Американскиот специјален пратеник, Ендрју Нациос по една конференција што се одржа во Триполи изјави дека Судан го менува ставот и дека се откажува постепено од своето одбивање на распоредување заеднички мировни сили на ОН и на Африканската унија во земјата. Вчера, во повеќе европски градови се одржаа протестни собири против геноцидот во Судан. Најголемите демонстрации се одржаа во Лондон. Граѓанската војна во Судан почна пред четири години и во нејзе досега загинаа 200 илјади луѓе, а од своите домови побегнаа 2,5 милиони луѓе.