1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Датум за преговори нема - потребно е забрзување на реформите

Александар Чомовски8 ноември 2006

Официјлниот извештај на Брисел денеска ќе се разгледува во владата во Скопје, во присуство на ЕУ амбасадорот во Македонија Ерван Фуере. На денот на објавувањето на извештајот во Скопје и британскиот министер за евроинтеграции Џефри Хун.

https://p.dw.com/p/AdbE
Фотографија: European Community

Македонска внимателност, надеж или бран на евро скептицизам во овие рамки се движат првите рекации и прогнозите на политичарите но пред се на граѓаните за шансите за членство во ЕУ.

„Морален кредибилитет кај нас е на многу ниско ниво. За Европска унија не се работи само на материјално ниво, работите треба да ги гледаме и од духовни аспекти.“ „Ние немаме ни претседател ни држава, што да примат. Мариово побрзо ќе го примат во Европа.“ „Јас не се надевам дека наскоро ќе влеземе во Европа. Тие, како да кажам не лажат.“

Ова граѓанско расположение е регистрирано само два часа пред официјално извештајот од Брисел да биде дистрибуиран до македонската влада. Тој не ја обесхрабрува владеачката гарнитура во Скопје. Откако евроамбасадорот Ерван Фуере ќе влезе во владата таа ќе започне специјално заседание.

Премиерот официјално ќе ја добие сликата за Македонија во извештајот на Европската комисија. Груевски притоа продолжува со трезвениот оптимизам „Нормално се очекува забрзување на реформите и официјалниот став на сите претсавници на ЕУ вклучително и на нашиот денешен гостин е дека во овој момент неможе да се зборува за датуми туку треба да се заврши домашната работа што е наша цел и обврска. Нашите очекувања е да ги завршиме нашите обврски и потоа да побараме тоа што ни следува.“

Во обидот да се амортизираат критиките дека новата власт не комуницира со опозицијата пред се со политичкиот фактор во албанскиот табор. Спаѓа и тајмингот на сребата Груевски - Шеќеринска. Новиот лидер на СДСМ, поранешна вице премиерка за евроинтеграција по средбата со макдонскиот премиер оцени „Лошата клима во собранието и отсуството на политички дијалог и овие партиски чистки во администрацијата предизвикаа да добиеме критики кои немораа да се случат и предизвикаа на пример Ројтерс да излезе со наслов дека Македонија после изборите не направила ништо за себе.“

Македонскиот премиер денеска го прими Џефри Хун, британскиот министер за европски прашања. Не е случајно во периодото на претседателствувањето на Велика Британија лани Македонија доби кандидатски статус и токму на денот на објавувањето на годишниот извештај на официјален Брисел Хун е во Скопје „Официјален Лондон ја подржува Македонија на патот кон ЕУ и НАТО. Датумот за преговори нема примарно значење. Македонија има политичка волја но и сили да ги спроведе реформите.“ вели гостинот од Лондон Џефри Хун