1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дачиќ: што ќе прави Македонија ако Албанците прогласат независност?

БГ/фац9 април 2013

Официјален Вашингтон не дозволува трампа на територии меѓу Косово и Србија бидејќи стравува оти тоа ќе доведе до војна во Македонија, изјави српскиот премиер Дачиќ за германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

https://p.dw.com/p/18CUW
Фотографија: AP

Запрашан во разговорот дали Белград и Приштина во принцип би можеле да се договорот за размена на теротории, северот на Косово за југот на Србија, Дачиќ одговори потврдно.

„Мислам дека Србите и Албанците со леснотија ќе се договорат за размена на територии. Но тоа за Вашингтон е неприфатливо. Таму сметаат дека тоа ќе доведе до војна во Македонија“, изјави Дачиќ за „ФАЦ“.

Но српскиот премиер смета дека оценката на САД е погрешна.

„Зошто Македонија би била загрозена од такво решение? Најголемата закана за Македонија ја изгради самата македонска влада со прекршувањето на законот и унилатералното признавање на независноста на Косово. Што ќе прават сега тие, доколку мнозински албанските делови во Македонија прогласат независност? Јас тоа не го посакувам. Јас посакувам стабилна Македонија со добри односи со Србија. Исто така се надевам дека ќе создадеме добри односи со албанскиот народ, и конечно да му ставиме крај на историскиот српско-албански конфликт“, изјави српскиот премиер Ивица Дачиќ во интервјуто за Франкфуртер Алгемајне Цајтунг.