1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

“Да“ за Бугарија и Романија

Маринела Липчева Вајс27 октомври 2006

Германскиот парламент го одобри влегувањето на Бугарија и Романија во ЕУ - и тоа со големо мнозинство. За законот за ратификација гласаа 529 од вкупно 551 пратеник. 12-мина беа против, а десетмина воздржани. Сега за законот согласност треба да даде Бундесратот.

https://p.dw.com/p/Ac29
Фотографија: AP

Повикот за радост околу приклучувањето дојде уште на почетокот на дискусијата, како германските пратеници да сакаа самите да се охрабрат околу решението што требаше да го донесат. Пратеникот на социјалдемократите, Аксел Шефер, од неговите колеги побара: “Во оваа дискусија станува збор за тоа не само за што дискутираме, туку и како дискутираме. Имено, дискусија со самодоверба, дискусија со радост за еден успех, а не да гледаме надолу и загрижено да велиме – о, сега мора да примиме уште две земји!“

Либералот Маркус Ленинг им посака добредојде на двете земји во унијата и ги повика своите колеги да не дебатираат само за негативните работи во извештајот за Бугарија и Романија, како сеуште неефективната борба против организираниот криминал и корупцијата, недоволната контрола на животните намирници и контролата на трошењето на парите за поттикнување од ЕУ, и пред се внатрешната политика и судството, каде стандардите на ЕУ сеуште не се исполнети.

Пратеници на различни парламентарни групи поради овие работи го поздравија предложениот мониторинг и можноста за заштитни клаузули. Рајнер Штеенблок од фракцијата на зелените рече: “Мислам дека ваквиот режим е паметен и исправен и има смисла. Од процесите на приклучување од изминатите гоидни научивме дека нецелосно спорведените реформи можат да се остварат по една определена процедура.“

Тоа значи дека на двете земји ќе им бидат затворени одредени сфери за соработка доколку до март 2007 година не ги отстранат дефицитите. Пратениците на ЦДУ и ЦСУ сметаат дека во делот на правосудството тоа треба да се направи уште од почетокот на членството, во јануари. Гунтер Киршбаум:“Не се работи за тоа земјите да бидат казнети, туку за тоа да се заштитат определени структури.“

Но, со ваквиот став пратениците на унијата беа осамени. Сузане Кастнер од фракцијата на СПД рече: “Барањето за наметнување на заштитни клаузули директно на први јануари 2007-ма, според мое мислење е популистички потег, и затоа е погрешен.“