1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Да или не за скенерите за тела?

3 февруари 2010

По обидот за атентат врз американски авион и инцидентот на минхенскиот аеродром, се разгоре дебатата за скенерите за тело. Германија на средината на годинава треба да одлучи за пробната фаза за скенерите на аеродромите.

https://p.dw.com/p/LpIK
Фотографија: AP

На академијата на германската полиција во Либек се спроведуваат тестовите за скенерите за тело. Аеродромите во Франкфурт, Берлин или Минхен се’ уште не ги користат овие скенери оти очекуваат зелено светло од надлежното министерство за внатрешни работи. Во меѓувреме, полицијата технички ги надградува скенерите за целосно скенирање на тело, така што интимниот дел од телата на патниците ќе биде заматен. Генерално, скенерите за тела мора да исполнуваат три критериуми: да работат ефикасно, да не се штетни за здравјето и да не ги повредуваат личните права. Министерот за внатрешни работи Томас де Мезиер има големи очекувања од скенерите: „Проверуваме дали да користиме скенер за тела од наредната генерација, кој опфаќа се’ што е надвор од човечкото тело, така што ако постои сомневање ќе мора да се изврши уште една проверка. Ако ја штити интимната сфера, ефикасен е и не му штети на здравјето, тоа би било корисна мерка, не да се замени персоналот, туку тој целно да се ангажира.“

Nacktscanner
Фотографија: AP

Но, синдикатот на полицијата мисли поинаку од министерот. Тие сметаат дека мора да се преиспита целиот безбедносен систем на аеродромите. Само ако се закрпи некоја дупка во системот не може да се очекуваат чуда, смета Јосеф Шојринг, од синдикатот на полицијата. Тој ја релативизира улогата на скенерите за тело: „Не постои делотворна техника, инаку одамна ќе ја применевме. Да се верува дека постојано треба да се вложува во техниката и да се запостават лицата кои контролираат, тоа води до такви резултати како што видовме во Минхен. За безбедноста се потребни одговорни луѓе, не луѓе потхранети со страв и за безбедноста не се потребни луѓе кои стравуваат за својата егзистенција. Јас сум многу загрижен за луѓето кои таму работат,“ вели Шојринг, мислејќи проитоа на персоналот задолжен за безбедноста. Во очите на синдикалецот, луѓето кои ги конотрлираат патниците се лошо платени. Повеќето доаѓаат од приватни фирми, откако во 1993 година беше приватизиран сектор за безбедноста во воздушниот сообраќај.

Nacktscanner am Flughafen Flash-Galerie
Фотографија: DPA

Доколку се воведат скенерите за тела, персоналот задолжен за безбедноста на аеродромите ќе биде соодветно обучен од страна на полицијата. Дотогаш министерството за внатрешни работи ги заостри безбедносните страндарди за патниците и контролите на багажот. Според министерот за внатрешни работи, Де Мезиер тестовите за скенерите се во тек и до летниот период ќе биде донесена одлуката дали и во кој обем ќе се користат овие скенери во Германија.

Автор: Анја Фенле / Александра Трајковска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска