1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Да не води европска иднина наместо несогласувањата од минатото“

Горан Петрески25 јули 2006

Во Скопје не стивнуваат реакциите на изјавата на бугарскиот министер за надворешни работ Калфин. Можниот иден шеф на македонската дипломатија Љубиша Георгиевски се надева дека Македонија ќе го заборави минатото и ќе се сврти кон европска иднина. Македонскиот амбасадор во Софија, Алити не бил примен во бугарското МНР каде сакаше да побара дополнителни објаснувања.

https://p.dw.com/p/Add7
Скопје
СкопјеФотографија: DW

Идната македонска влада ќе ги гради односите со Бугарија врз основа на принципот на дебалканизација како остаток од минатото изјави за Дојче Веле Љубиша Георгиесвки, поранешен македонски амбасадор во Софија и еден од најсериозните кандидати за нов шеф на македонската дипломатија

„Сите знаат и во Македонија и во Бугарија дека Бугарија има проблем со признавањето на македонската нација во историска смисла. Но исто така сите знаат дека дипломатските односи меѓу Бугарија и Македонија се изворедни благодарение на една обострано мудра одлука: да не води согласноста за европската заедничка иднина, наместо да не водат несогласувањата од минатото. Не сакам да поверувам дека Бугарија на прагот на Европа, толку лекоумно ќе се заврти кон минатото за сметка на сопствената иднина и ќе се сопне на прагот на Европа на еден проблем кој што се вика македонско национално малцинство таму. “

Официјално Скопје сеуште е изненадено од изјавата на бугарскиот министер за надворешни работи Ивајло Калфин дека Бугарија нема безусловно да ја поддржува Македонија во евроинтеграциите и ќе бара од неа да не пројавува агресија кон бугарската нација и историја. Вице премиерката за евроинтеграции Радмила Шеќеринска не сакаше дополнително да ја коментира изјавата на Калфин и не упати на ставот на Министерството за надворешни работи. Во вчерашната експересна реакција овој ресор оцени дека токму ваквите изјави не одат во прилог на добрососедските односи. Македонскиот амбасадор во Софија Абдураман Алити, побара прием во министерството за андворешни работи на Бугарија за дополнително објаснување на изјавата на Калфин, но како што пренесуваат аггенциите средба немало. Изјавата на Калфин наишла на силмна поддршка во анти – македонските кругови во Бугарија. Некои од тамошните весници ги пренесуваат изјавите на радикалните национални структури.

Диплматски кругови во Скопје сметаат дека изјавата на Калфин била испоровоцирана од Европската слободна алијанса, која од еврокомсесарот Оли Рен побара да лобира за признавање на македонското малцинствио во Бугарија. Освен статусот и правата на малцинството, отворено прашање меѓу Скопје и Софија е бугарското непрезинавање и на македонскиот јазик.