1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Да се најде патот за соживот

15 мај 2009

Бенедикт 16-ти, со денешната посета на Базиликата на Светиот гроб, ќе ја заврши турнејата на Блискиот исток. Папата, вчера, одржа миса во Назарет. а оствари и средба со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

https://p.dw.com/p/Hqpb
Папата Бенедикт 16-ти во НазаретФотографија: AP

Папата Бенедикт 16-ти беше срдечно пречекан во најголемиот арапски град на израелска територија. Повеќе десетици илјади луѓе присуствуваа на мисата во Назарет. Во градот живеат околу 65 илјади луѓе - две третини се муслимани, една третина христијани. Меѓу нив постојано се случуваат конфликти. Причина, папата Бенедикт 16-ти да порача: „Како што целиот свет за жал знае, во Назарет изминатите години постоеше затегнатост, која ги оптовари односите меѓу христијаните и муслиманите. Ги повикувам луѓето со добра волја од двете заедници, да ги отстранат штетите кои се создадени и верни на нашата заедничка верба во Господ, да работат на градење мостови и да го најдат патотот за заеднички соживот.“

Мисата во Назарет беше најголемата манифестација во текот на блискиоисточната турнеја на папата.

Papst Benedikt bei Benjamin Netanjahu
Средба на папата со израелскиот премиер, Бенјамин НетанјахуФотографија: AP

Папата барал дозвола за трајни визи за католички свештеници

Вчера попладне, папата се сретна и со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. На средбата се разговараало за мировниот процес на Блискиот исток, соопшти портпаролот на Ватикан, Фредерико Ломбарди. Најверојатно, папата уште еднаш ја повторил молбата на Ватикан, да им бидат издадени 500 трајни визи на католички свештеници. Израел досега го одбиваше барањето од безбедносни причини. Во јавноста се’ уште не е познато дали на средбата се разговарало и за Витлеем. Папата, имено, еден ден претходно жестоко го критикуваше израелскиот ѕид. Нетанјаху, како што пренесува израелското радио, рекол дека разговорот бил добар.


Автор: Штефан Трендле / Александра Трајковска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска