1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

140409 Fußball Champions League

14 април 2009

По поразот од 0:4 во првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите, во Баерн не веруваат дека денеска, на реваншот во Минхен, е можно чудо против Барселона. Тренерот Јирген Клинсман, сепак, посакува победа.

https://p.dw.com/p/HWB0
Сцена од првиот четврт-финален натпревар Барселона-БаернФотографија: AP

Ова се тешки времиња за Јирген Клинсман. По поразите од 1:5 против Волфсбург во Бундеслигата и 0:4 против Барселона во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите, тој стана цел на жестоки критики. Но, за тренерот на Баерн откажувањето на е опција. Тој веќе извојува една решавачка победа за задржување на работното место, во саботата против Франкфурт со 4:0, со која Баерн ги задржа шансите за освојување на титулата во Бундеслигата. На денешниот реванш меч со Барселона Клинсман, меѓутоа, гледа реалистично:

Jürgen Klinsmann frustriert in Wolfsburg
Јирген Клинсман- дали ќе ги замолкне жестоките критики?Фотографија: AP

„Ние со сигурност не сонуваме за тоа дека ќе им дадеме четири или пет голови, туку сме реалистични“, изјави Клинсман пред мечот. Ниту во досегашната статистика во 17 -годишната историја на Лигата на шампионите немало екипа која успеала да надомести разлика од 4 голови. Само тимот на Депортиво Ла Коруња успеа во 2004-та година, по поразот од 1:4 од Милан, да избори пласман во наредната рунда со победата во реваншот од 4:0. Сепак, тренерот на Барса, Јосеп Гвардиола е претпазлив и по победата на Баерн против Франкфурт од 4:0 предупреди: „Баерн е секогаш во состојба да постигне 4 голови.“

Челзи со убедлива предност во реваншот против непредвидливиот Ливерпул

Fussball FC Chelsea Michael Ballack
Германскиот репрезентативец Михаел Балак ќе го предводи Челзи во реванш натпреварот против ЛиверпулФотографија: picture-alliance/ dpa

Надежите барем за победа на денешниот натпревар во Минхен се подгреани со релаксираната персонална состојба во Баерн. Лусио е повторно фит, а и Филип Лам и Даниел ван Бојтен се враќаат во тимот. „На натпреварот ќе му пристапиме со намера на навивачите да им покажеме убава игра, со намера да се надигруваме со Барселона и ако е можно да победиме“, порача Клинсман.

И играчите на Баерн не веруваат дека е можно чудо во Минхен, но сакаат да се докажат и да си ја зголемат цената. „Ние се разбира сакаме да победиме. Сакаме и на интернационално ниво да покажеме дека заслужено играме во четвртфиналето и оти минатата недела направивме кикс.“, порача одбранбениот играч, Филип Лам.

Во вториот денешен реванш четвртфинален натпревар во Лондон, екипата на Челзи влегува со голема предност од 3:1 од гостувањето на Енфилд роуд. Но, Ливерпул е тим кој досега во многу наврати докажал дека однапред не се предава.

Автор: Бенјамин Вист / Симе Недевски

Редактор: Александра Трајковска