1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Да се спречи монопол во мобилната телефонија

26 август 2008

Дојче Телеком го поседува Т Моbile Македонија, а ОТЕ- Космофон, двата највлијателни мобилни оператори во Македонија, кои држат 90 проценти од пазарот. Тоа создава опасност за монопол на македoнскиот пазар.

https://p.dw.com/p/F58R
Телеком создава монополФотографија: AP
Членови на раководството на Дојче Телеком се во Скопје да ја достават документацијата за нивно преземање на грчкиот оператор ОТЕ. Тоа создава опасност од формирање нов монопол на македонскиот пазар. Дојче Телеком го поседува Т Моbile Македонија, а ОТЕ- Космофон, двата највлијателни мобилни оператори во Македонија, кои држат 90 проценти од пазарот. Тоа значи дека германската компанија, по преземањето на грчката, целосно доминира на македонскиот пазар.