1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Две децении Мастришки договор - ЕУ на крстопат

ЕМФ/дв1 ноември 2013

Пред точно 20 години во сила стапи Договорот од Мастрихт, темелот на европската монетарна унија. ЕУ во меѓувреме се наоѓа среде вистинска криза на довербата, вели екс шефот на ЕЦБ, Жан-Клод Трише.

https://p.dw.com/p/1AAC6
Фотографија: picture-alliance/AP

Поранешниот претседател на Европската централна банка, Жан-Клод Трише, оценува дека ЕУ, две децении од стапувањето во сила на Мастришкиот договор, е на „крстопат“. Според него, она што е неопходно е зајакнување на овластувањата на Европскиот парламент.

Трише, кој своевремено како претставник на француското министерство за економија учествуваше во преговорите околу договорот од Мастрихт, денес ги брани често критикуваните Мастришки критериуми. Тие, на пример, на државите кои го имаат еврото, не им дозволуваат буџетски дефицит повисок од 3% од брутодомашниот производ. Ако ЕУ од 2008 година е во финансиска криза, тоа не е поради Мастришкиот договор, туку затоа што некои големи држави на ЕУ на се држеле до условите од договорот, а пред се‘ Франција, Германија и Италија, нагласува Трише. Тука треба да се додаде и проблемот со конкурентноста на евро-државите, оценува екс шефот на ЕЦБ. Во времето на воведувањето на еврото како валута, Германија имаше поголем број невработени од Франција, а германскиот платен биланс беше негативен, за разлика од францускиот кој беше во плус. Со иста валута, во ист временски период, сега состојбата е обратна, затоа што Франција не презеде исти напори како Германија, нагласува Трише.